Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред
Македонија

Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред

април 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите и избега со парите во странство, власта од која е тој дел, се залага да станеме дел од ЕУ и НАТО и да се стави крај на политиката на делби и државата да биде внатре сложна со убава меѓуетничка кохезија.

„Во јуни влегуваме во подотворената врата кон ЕУ. Со тоа се отвораат огромни можности во делот на пристапните фондови, каде што ЕУ ќе ни дава европски пари да се развиеме во инфраструктура, во образование, во здравството … До 900 милиони евра на годишно ниво можеме да повлечеме, ако сме паметни, а имаме паметни деца кои може тоа да го направат, рече Пендаровски.

Посочи дека немаме резервна татковина и оти за тоа мора сите да се согласиме и власт и опозиција.

„Ова е државата каде сме се родиле и сакаме да живееме и понатаму.

Второ, оваа држава мора да биде демократска. Секој, независно од вера, нација и политичка припадност да ги има истите права и одговорности.

Трето, најважно, кој и да е на власт,мора да работи за подобар економски развој и да имаме двапати, трипати поголем стандард на живеење од тоа што го имаме сега, изјави Пендаровски.

Во однос на Специјалното јавно обвинителство, Пендаровски рече дека тој закон ќе биде донесен во Собранието, затоа што таков закон мора да има.

„Тоа беше општонароден грабеж невиден во историјата на оваа држава.

Тоа не може туку така, собраа парите и заминаа. Ќе ги вратат парите и ќе лежат затвор, а од утре ќе важи и за мене, порача Пендаровски.

Порача дека неговата кандидатура формално е поддржана од 31 политичка партија и за тоа е благодарен на СДСМ и на Зоран Заев, но доколку, како што рече, и господинот Заев утре како актуелен премиер се огреши од законите, нема да му прости.

На трибината во Гостивар, Пендаровски на граѓаните им порача дека не е поткачен на бина, затоа што претседателот го замислува како обичен човек, од народот за народот, а не од високо да гледа на луѓето.

актуелно заедно напред одиме пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.