Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски до бруцошите на Правен факултет: Пред вас се најубавите години од животот, ќе учите и ќе се дружите
Македонија

Пендаровски до бруцошите на Правен факултет: Пред вас се најубавите години од животот, ќе учите и ќе се дружите

октомври 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– На Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се одржа првиот академски час, во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, проректори, деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Коевски, како и професорите и студентите.

Претседателот Пендаровски истакна дека денеска има посебно задоволство и чест, како поранешен професор и поранешен студент на Правниот факултет, да ги поздрави студентите и да им посака успешни студии.

– Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како најстар во нашата земја, со децении продуцира кадри, кои со своето знаење и вештини се конкурентни и на пазар на трудот и кај нас и во странство. Од Правниот факултет на УКИМ, на кој и самиот имав чест да го оформам моето образование, излегуваат правници, адвокати, судии, политолози, политичари, новинари, кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на пандемијата која го измени секојдневието на луѓето.

– Ја нема вообичаената атмосфера во студентскиот кампус. Меѓутоа, животот мора да продолжи и сите ние мораме во од да се адаптираме, рече Пендаровски.

Тој им порача на студентите да го користат секој момент да се стекнат со знаење и кога тоа не можат да го прават со физичко присуство, да ги користат новите технологии. Пендаровски им порача на студентите дека пред нив се најубавите години од животот, кога и ќе учат и ќе се дружат и им посака успешни студии.

Ректорот Јанкуловски истакна дека една од најдрагите обврски во првиот мандат му била обраќањето кон бруцошите. Таа чест му припаднала и на почетокот на вториот мандат.

– Прекрасно е чувството кое се раѓа гледајќи ги вашата младост, ентузијазам, интерес и желба за нови знаења. Со искрени емоции на радост, ви посакувам искрено и срдечно добредојде на УКИМ, најстариот, најзначајниот, најголемиот и најдобриот универзитет во нашата земја, нагласи проф. д-р Јанкуловски.

Тој исто така се осврна на пандемијата, која ги принудила професорите и студентите привремено да ги напуштат амфитетрите.

– На дел од факултетите наставата ќе се одвива онлајн, но на други хибридно, и онлајн и физичко присуство, информира проф.д-р Јанкуловски.

Тој им порача на студентите дека задача на професорите е да им пренесе на знаење, а нивна тие знаења да ги усвојат.

Декан на Правниот факултет, проф. д-р Горан Коевски, обраќајќи им се на бруцошите, им рече дека тие се посебна генерација по многу нешта.

Родени се 2001 година, кога во нашата држава имаше конфликт, прва генерација деветолетка, генерација која не полагала државна матура, а сега и прва генерација на Правниот факултет во услови на Ковид.

Деканот, исто така истакна, дека оваа генерација има најмалку бруцоши, само 240, кои ќе им се придружат на околу 2000 активни студенти, на 80 професори и 15 административци.

Тој рече дека и покрај многуте скандали во државата, тоа не ги обесхрабрило, и се одлучиле да се запишат на Правниот факултет.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2003035713329316

актуелно бруцоши пендаровски правен факултет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.