Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Државните институции, приватниот и граѓанскиот сектор да обезбедат услови за остварување на младите иноватори
Македонија

Пендаровски: Државните институции, приватниот и граѓанскиот сектор да обезбедат услови за остварување на младите иноватори

мај 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски синоќа, преку видео врска, се обрати на завршниот настан на овогодинешниот „Generation Unlimited – Младински Предизвик”, односно на презентацијата на решенијата на петте тимови финалисти.

Осврнувајќи се на темата на иницијативата „Како може дигиталната технологија да влијае за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот“, претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, посочи дека младите не се доволно застапени во овој сегмент во нашата земја, односно дека најчесто се очекува иновативните решенија да доаѓаат од повозрасните граѓани.

– Ова е вистинскиот пат по кој треба да одиме, и кога ќе заврши кризава да не ги заборавиме дигиталните алатки коишто ни помагаат и допрва ќе ни помагаат на сите нам, на сите категории на лица, а посебно на лицата со попреченост. Треба да ги користиме сите алатки и уште повеќе на овие луѓе да им го олесниме пристапот до образованието, но и до сите други институции. На пример, пред да започне пандемијата, незамисливо беше наставата да се одвива онлајн, истакна шефот на државата.

Потенцирајќи дека секое понудено иновативно решение е многукратно повредно ако може практично да се примени и конкретно да им помогне на лицата со пречки во нивното секојдневие, претседателот Пендаровски рече дека младите коишто го прифатиле предизвикот Generation Unlimited и чии решенија имаат апликативна вредност, многу побргу фаќаат чекор во споредба со постарата генерација.

– Државните институции мораат да ги препознаваат побрзо и подобро, напорите на младата генерација во овој дел на креативни решенија. И да им даваат простор, да им даваат ресурси, да им помогнат конкретно да ги развијат нивните идеи до крај. Но треба и да се поврзат државните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и да постои една синергија со една единствена цел – да обезбедиме услови за остварување на младите креативци, иноватори и за многу кратко време да видиме примена на нивните пронајдоци, рече Пендаровски.

„Generation Unlimited – Младинскиот предизвик“ ги повикува младите иноватори во целиот свет да дизајнираат решенија кои ќе го подобрат образованието, вработеноста и граѓанската вклученост. Младинскиот предизвик, кој оваа година се одвива во 40 земји, е иницијатива која глобално остава силен впечаток и служи како пример за тоа што се може да постигнат младите, посочуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Во нашата земја, предизвикот се реализира втора година по ред. Проектот го реализира УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија и СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје.

 

актуелно граѓански институции пендаровски сектор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.