Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: За да имаме стабилна демократија и идни генерации на демократи, мораме да вложуваме во образованието
Македонија

Пендаровски: За да имаме стабилна демократија и идни генерации на демократи, мораме да вложуваме во образованието

ноември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Најисплатливата долгорочна инвестиција во едно општество е инвестирањето во образованието. За да имаме стабилна демократија, за да имаме идни генерации на
демократи, мораме да вложуваме во образованието, кое е втемелно во демократските вредности“, изјави претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на Претседателскиот центар за политичко образование.

Токму тоа, посочи Пендаровски, го поттикнало да започне ваква иницијатива, која, како што рече, ја смета за еден од клучните проекти во својата програма.

„Верувам дека со работата на центарот ќе придонесеме за промоција на културата на дијалог и ќе влијаеме во реформата на образованието преку сеопфатно вклучување на политичкото образование во нашоиот формален и неформален образовен систем“, изјави Пендаровски.

Тој изрази уверување дека водени од визијата за јакнење на демокркатијата, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција и солидарност заеднички ќе ја постигнеме целта.

„Македонското општество се одликува со висока конфликтност и со поделби по повеќе основи. Легитимните политички разлики како суштински елементи на политичкиот плурализам наместо да бидат основа за отворен и конструктивен политички дијалог, за жал, станаа причина за длабока нетрпеливост и пречка за соработка меѓу политичките субјекти во исполнување дури и на нашите клучни државни приоритети“, изјави Пендаровски.

Во изминатите три децении од независноста минавме низ бројни политички кризи, нагласи тој, но во изминатата деценија ни се случи толку силна полиризаиција која државата ја доведе до работ на граѓански конфликт.

Таквото назадување од демократскиот развој, посочи тој, е очекувана последица од перманетната криза на политичките институции и ниското ниво на доверба на граѓаните во нив.

Претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар Александар Спасов, порача дека центарот денеска го започнува својот пат за промоција на демократијата во нашето општество меѓу сите генерации.

„Тој е резултат на политиката на претседателот Пендаровски за нужноста од граѓанско помирување, како единствен начин за излез од декадата на конфликтите, поделбите и демократското назадување. Политика, која е препознаена од граѓаните и меѓународната заедница и затоа во основана на Центарот е партнерството меѓу Кабинетот на претседателот и фондациите со различна идеолошка ориентација, но со
значајно искуство во промоција на демократските политички вредности во целиот свет“, изјави Спасов.

Во работата на Претседателскиот центар за политичко образование, како дел од програмскиот совет, се вклучени повеќе фондации меѓу кои Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, Фондацијата за демократија на Вестминистер подружница во РСМ, Фондацијата Конрад Аденауер подружница Скопје, Националниот демократски институт за меѓународни работи–канцеларија во Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт ИРИ подружница Скопје и Фондацијата Македонија 2025.

Во работата и во активностите на Претседателскиот центар може да учествуваат сите здруженија и фондации од земјата и од странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог и почитување на мултикултурната реалност.

Како прв настан во рамки на Политичкиот центар, денеска во продолжение на инаугурацијата се одржа дебата на „Иднината на демократијата–младите во политиката и општеството“, на која учествуво земаа повеќе млади луѓе од граѓанскиот сектор.

актуелно демократија образование пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.