Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски за холокаустот: Простуваме, но не забораваме
Македонија

Пендаровски за холокаустот: Простуваме, но не забораваме

март 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во спомен на холокаустот на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1943-тата година, претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на Кабинетот засади дрвце, македонски даб. Истовремено, во негово име, како што
соопшти Кабинетот на Пендаровски, а во соработка со Амбасадата на
Израел, стебло е засадено и во Ерусалим, во парк шумата на мирот,
Амандав.

Истакнувајќи дека садниците се израз на почит кон малубројната, но
исклучително значајна еврејска заедница во Северна Македонија,
претседателот Пендаровски во својата порака рече дека со векови,
еврејската заедница била плодно стебло на македонската почва.

„Во духот на соживотот, Евреите живееле со нас, како едни од нас.
Евреите биле прифатени и почитувани како добри домаќини, верни
соседи и вредни еснафи. Наша желба како држава и како луѓе, е
еврејската заедница одново да израсне во плодно стебло. Нивните
корења нека се напојуваат од сеќавањата, а гранките нека носат надеж
за иднината, потенцираше претседателот на државата.“

Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи.
Само во логорот Треблинка за околу една година биле убиени околу
900.000 жени, мажи и деца, а меѓу нив биле и 7144 македонски Евреи од
Скопје, Битола и Штип коишто претставувале дури 98 отсто од
македонската еврејска заедница.

„Холокаустот е логичка последица на моралниот вакуум во кој се било
дозволено, вклучително и обезвреднувањето на човековиот живот и
неговото вродено достоинство. Ова апсолутно зло мора да биде
осудено апсолутно. Не смееме да дозволиме вистината за Холокаустот
да се релативизира и заборава. Наша должност е да се сеќаваме за
никогаш да не се повтори“, порача Пендаровски.

На одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските
Евреи присуствуваше и почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски. Од Ерусалим, пак, онлајн се обратија претставници на Еврејскиот национален фонд, како и претставник на израелското Министерство за надворешни
работи.

Во сеќавање на холокаустот на 7144 македонски Евреи, претставник на
Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на
депортираните македонски Евреи во Скопје.

актуелно Евреи Израел македонија стево пендаровски Треблинка холокауст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.