Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори, на сите во ЕУ им е јасно дека Северна Македонија испорача
Политика

Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори, на сите во ЕУ им е јасно дека Северна Македонија испорача

октомври 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ставот на целокупниот државен врв, премиерот, министерот за надворешни работи и мојот секојпат бил двете држави да ги почнат преговорите“, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски, во врска со најавите дека денеска Холандија треба да
ја изгради својата позиција.

Според информациите на Ројтерс, објавени минатиот викенд, Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15 октомври, а Холандија, друга земја со големи резерви кон проширувањето, е повеќе наклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија.

„Јас во некои мои јавни настапи, не приватни разговори, сум рекол дека не смееме во цел тој контекст да ги заборавиме и останатите од Западниот Балкан, БиХ која долги години е замрзната во тој процес и Косово. Јас разбирам дека за Косово треба прво да се утврди во преговорите Белград – Приштина неговиот финален статус на меѓународна сцена, па потоа да се почне некоја правно-политичка рамка за приближување кон Брисел. Меѓутоа ви повторувам и тоа го кажувам секојпат и тука и во странство,  ако сите земји од Западен Балкан еден ден не бидат членки на ЕУ ние ќе имаме проблем како регион“, посочи Пендаровски.

Нагласи дека ставот е јасен – двете земји треба да ги почнат преговорите и додаде дека проблемите уште побрзо ќе се решаваат во преговарачката рамка.

„Друго е кога имате преговорачка позиција на Брисел која вели во тие и тие области треба да се дотерате, да бидете подобри. Јас ви тврдам, значи ако ја заборавите која било држава во тој процес може само полошо да биде внатрешно, може само да дегенерираат демократските процеси. Сосема е друго кога преговарате и кога морате да се трудите да ги исполните сите обврски кои од вас ги бара ЕУ“, нагласи Пендаровски.

Вели дека сите индикатори од Хаг досега се дека ќе бидат позитивни кон Северна Македонија.

„Тие имаат некакви резерви за другата земја-кандидатка, меѓутоа за Република Северна Македонија немаат ама буквално никаква. Од Холандија и од Данска претходно немаме никакви забелешки“, додаде Пендаровски.

Во врска со ставот на Франција и дали тој телефонски или писмено ќе го контактира Емануел Макрон истакна дека шефот на дипломатијата Никола Димитров и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во последните месец и половина имале средби со високи претставници на француската администрација, вклучително и високи советници на францускиот претседател.

„Од тој аспект мислам дека е се направено што се однесува до нас. Знаете дека е можно ставот на Франција на крај да го каже претседателот, тоа да не оди на министерско ниво 15, туку на 17 да каже претседателот, меѓутоа верувајте прво во делот на т.н. домашни задачи прво од нас што се што беше побарано се имаме испорачано“, истакна шефот на државата.

Нагласи дека тоа го контатирале сите и евентуално ако таму има некакви двоумења тогаш тие се однесуваат на проблемите кои ЕУ ги има внатре.

„Тоа нема никаква врска со нашиот фајл, значи со нашето досие. Сите и Французите го знаат тоа и сите земји членки на ЕУ. Сакам да појаснам дека не станува збор за нешто што ние не сме го направиле. Вие може да се јавите уште не знам колку пати и до кого сакате во светот, меѓутоа сите работи што беа побарани на ланскиот јунски самит во Софија на ЕУ се е испорачано и навистина не знам што друго би направиле, доволно е
направено, само треба да се одреди датум за преговори и нашиот став е дека продлабочувањето и проширувањето на ЕУ сосема комотно можат да одат паралелно“, истакна Пендаровски.

актуелно ЕУ пендаровски преговори скопје Тирана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.