Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Масовно на избори за двојна победа во Охрид
Македонија

Пендаровски: Масовно на избори за двојна победа во Охрид

мај 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„После две години тешки, но нужни компромиси, оваа Влада донесе одлуки после кои светот и Европа ни ги отворија вратите. До членството во НАТО сме на половина пат, за два месеца од сега очекуваме датум за преговори со ЕУ. Со поддршка на овој курс граѓаните уште и ќе му речат „не“ на Груевски и фамилијата кои
сакаат да се вратат на власт. Македонија после десет години заслужува да има претседател од кој нема да се срами, туку ќе ја забрза секоја позитивна политика на власта.

Тоа беа главните три причини што вечерва пред охриѓани ги посочи Стево Пендаровски како адути за изборната победа на СДСМ на престојните претседателски и изборите за градоначалник во Охрид.

Лидерот на СДСМ и претседател на Владата Зоран Заев го посочи разликите меѓу она што им се нуди како реалност на граѓаните со поддршката на актуелната проевропска политика предводена од СДСМ и недефинираните ставови што ги застапува опозицијата, за која рече дека се уште не се оградила од погрешните политики, грешките, злосторствата направени врз граѓаните и државата направени изминатите 11 години.

„Целиот свет денеска зборува со полна уста убави зборови за нашите одлуки. Преспанскиот договор беше почеток и крај на секоја дискусија во Берлин. Ова лето чекаме одлука за почеток на преговори затоа што заслуживме. Макрон, Могерини, Меркел стојат зад нас, оттаму јасна е одлуката, рече Заев.

Лидерот на СДСМ посочи дека извесните евроатлантски перспективи веќе даваат резултати, државата има моќни пријатели, силна поддршка, доаѓаат инвестиции, се пробиваат рекордите во перформансите на државата. -Ве уверувам дека сме на вистинскиот пат. Се е подготвено за лекција за економско чудо на Балканот, рече Заев.

Лидерот на СДСМ се осврна и на пораката испратена до партијата на власт од граѓаните во првиот круг од изборите, најавувајќи кадровски промени, реконструкции, нови решенија.

„Тоа што не чини мора да се менува. Тој што ја имал честа да добие одредена функција има да им служи на граѓаните. А доколку нема енергија, мотивација, ќе има промени…Борбата што ја водевме беше за вредности, кои сега мора ние да ги испорачаме, сега кога се зависи од нас дома, рече тој притоа посочувајќи промени и во одредени кадровски решенија останати од претходната владејачка гарнитура.

За Охрид Заев рече дека веќе се обезбедени милион евра за проектот за реконструкција на Кејот на Охридското Езеро, додека за новоформираното претпријатие за стопанисување со Системот за заштита на езерото се обезбедени 200 милиони денари за почеток на санација на колекторот.

Кандидатот за градоначалник Константин Георгиески пред граѓаните потсети на најкрупните одлуки што било кога биле донесени за поубав Охрид, онаа за отпочнувањето на процесот на раздолжување на општината и формирањето на државното претпријатие што ќе се грижи за функционирањето и одржувањето на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

„Во изминатите година и половина ги поставивме темелите кончено општината да застане на здрави нозе, за што имавме огромна поддшка од Владата. Решаваме проблеми напластувани со години, за само една година вративме околу 755 милиони денари од долгот. А Охридското Езеро како светско и национално богатство бара грижата за него да биде на највисоко можно ниво, рече Георгиески, најавувајќи бројни проекти за подобрување на условите за живеење во Охрид.

На трибината пред охриѓани вечерва се обрати и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој водењето на државата илустративно го претстави како кајче што долго време пловело без курс, со спуштена котва, алудирајќи на спорот за името со тогашен кормилар, како што рече, сега азилант во Будимпешта.

„Бајаги време сме уште на езерото барајќи како да дојдеме до копното да здивнеме. Со кормилар сега азилант во Будимпешта немавме курс.

Имавме среќа што најдовме храбар човек кој обзнани како се одвивале работите на кајчето. Слушнавме срамни работи, јас сум тука заради срамот од прислушуваните разговори и сега сум случаен политичар. Значи ние со кајчево се обидуваме да пловиме некаде… Процесот беше долг, тежок, но не само за нас. Вчера Мицотакис вели дека Договорот од Преспа е екстремно проблематичен за Грција. Не дека таму се слави. Процесот беше долг, филигрански се работеше со многу трпение, како да се покрие тоа што е најважно за нас, нашето право да сме Македонци, со македонски јазик и да си отвориме хоризонт со едра да пловиме кон иднината, истакна Димитров.

Порача дека ова е втора шанса, како што рече, кајчето да го извлечеме од блатото каде беше до пред две години, нагласувајќи дека нема време ниту простор за грешка.

актуелно двојна победа избори масовно пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.