Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Мора да бидеме демократска и правна држава и затоа СЈО треба да продолжи со работата
Македонија

Пендаровски: Мора да бидеме демократска и правна држава и затоа СЈО треба да продолжи со работата

април 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија мора да биде правна држава и токму затоа е неопходно да продолжи да работи Специјалното јавно обвинителство (СЈО), порача вечерва Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и Коалицијата на трибина во Велес.

Во врска со дебатите за идниот статус на СЈО, посочи дека многумина знаат, марширајќи ги улиците во текот на Шарената револуција и подоцна, борејќи се против режимот, дека главниот слоган на таа револуција беше „Нема правда нема мир“. Тој потенцира дека оваа влада и оваа структура на власт, како и тој како кандидат за иден претседател на државата, немаат  намера да отстапат ни за милиметар, за  да ја бараат правдата.

„Нам ни било пишано по трнлив пат да одиме, но ќе го изодиме. СЈО треба да продолжи и понатаму  да работи за да се почитуваат законите во државата. Нашата тенденција е токму таа, Република Северна Македонија мора да биде демократска и правна држава, потенцира Пендаровски пред велешани.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, во своето обраќање истакна дека после 10 години нашата земја ќе има претседател кој му треба него, но и треба на државата, на Владата, на парламентот и на народот.

Потсети дека во изминатите 22 месеци на власт, оваа Влада решила многу крупни и суштествени прашања за државата, но за жал, нагласи, досегашниот и се уште актуелен претседател не смогна храброст да направи чекор и да ја води државата напред.

„Секој на свој начин одлучува како ќе работи и ќе помогне на својата земја. Ние сме сите денеска овде за да бидеме од помош на нашата земја, да трасираме уште подобри патишта и да се движиме со уште поголемо темпо. Се решија големите проблеми и затоа имаме странски инвестиции од 624 милиони евра во 2018 година што е нов рекорд на државата од 1991 година до денеска. Во најдобрата година 2011-та биле 340 милиони евра, што е скоро двојно повеќе, потенцира Заев.

Тој информира дека индустријата расте. Почна, додаде, со Бруто домашен производ од минус 1,8 проценти пред 22 месеци, а сега во последниот квартал забележа раст од 3,7 проценти.

На велешани им порача дека донеле крупни одлуки, бидејќи, како што рече, со скарани соседи државата не може да оди напред. Посочи дека досега никој не смогнал сили да го реши проблемот со Грција и истакна дека дел од нив по цена и на сопствениот живот храбро чекореле по улиците и успеале зашто донеле храбри одлуки, бидејќи се бореле за нашата држава и нашиот народ.

Преку Договорот од Преспа, како што рече, добиле фер и праведно решение што не било лесно ни за Грција ни за нас.

„Тоа само покажува дека договорот е правичен. Секогаш нашите татковци и дедовци се бореле да имаме наша земја, грутка парче наша македонска земја што нема да биде оспорена од никој, во која ќе живеат сите граѓани од мултиетничка Македонија, но да биде признаен и македонскиот јазик што го зборуваат мнозинството граѓани кои се Македонци. Тоа беше борбата на нашите татковци и дедовци и прадедовци и на Крушевската Република, на НОВ и на сите наши борби што сме ги имале во минатото. Денеска имаме земја признаена од целиот свет и никој повеќе не ја оспорува, признаен македонски јазик, признаен македонски идентитет. Кога ќе отворите гугл на страната на Обединетите нации таму веќе е запишана нашата лична карта и стои чисто Македонци и македонски јазик и ниту има ѕвезда, ниту има фуснота, ниту друго и при тоа изградивме насекаде пријатели околу нас, потсети Заев.

Претседателскиот кандидат Пендаровски го повика младиот д-р Страхил Тодоров да се обрати на трибината. Тој пред присутните потенцира дека како млад човек и лекар почувствувал дека со премиерот Заев и со претседателскиот кандидат Пендаровски  има перспектива за младите во оваа држава.

Како што појасни пред присутните, затоа и решил да остане  во својата татковина наместо да замине во странство и тука да ја гради кариерата и својот животен пат. -Со Заев и Пендаровски им се врати надежта на младите и со нив цврсто чекориме напред, порача Тодоров.

правна држава северна македонија СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.