Нашите обврски до следниот самит во јули 2018 година ќе бидат завршени, но, во процесот за прием на нови членови свое влијание ќе имаат и националните калкулации на останатите 29 земји-членки поради консензуалниот принцип на одлучувањето, вели Стево Пендаровски национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО во интервју за Дојче Веле.
Тој изразува надеж дека при одлучувањето ќе биде доминантен колективниот интерес за безбедна еЕропа. За тоа што е реално сменето девет години по самитот на НАТО во Букурешт, Пендаровски посочува дека суштински е сменет и надворешниот и внатрешниот амбиент.
Иронија на историјата, вели, е дека денес, буквално сите реформски напори на владата се насочени, всушност, кон доаѓање до нивото кое веќе го имавме достигнато во декември 2005-та.







