Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: На 5 мај да излеземе и да дадеме поддршка на концептот „едно општество за сите“
Македонија

Пендаровски: На 5 мај да излеземе и да дадеме поддршка на концептот „едно општество за сите“

април 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва на трибината во скопската Општина Карпош ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 5 мај за неговиот концепт „едно општество за сите“.

„Последна шанса ќе ни биде на 5 мај да излезе и да дадеме поддршка на овој концепт, не на Стево Пендаровски, туку на целата политичка филозофија која Македонија ја носи во Европа, за на 6 мај да не се разбудиме изненадени како е возможно Груевски и фамилијата да ни се вратат назад на власт, затоа што ние сме останале дома и сме мислеле дека само во нијанси се разликуваат политичките опции, рече Пендаровски.

Овде, како што додаде, станува збор за разлика во класи и во категории, а не во нијанси. – Овие луѓе не сакаат да одиме во Европа, не сакаат сите да бидеме еднакви во општеството и не ги интересира концептот „едно општество за сите“. Тие водат сметка само Груевски да го вратат од Будимпешта и преку своите чираци да владее во Македонија, рече Пендаровски.

Тој истакна дека гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас за Никола Груевски да се врати на власт и Ѓорги Иванов да продолжи да владее.

Коментирајќи го прв круг од изборите, тој рече дека постојат неколку категории граѓани кои вчера останаа дома.

„Вчера освоивме бројка на гласови која е надвор од нашите очекувања.

Бројката на гласови е исклучителен капитал и оние кои не гласаа знаат дека оваа опција е единствена која не носи напред. Опозицискиот концепт ја руши внатрешната кохезија на нашето општество, не ги третира сите етнички заедници како еднакви, носи назадување во економска смисла, не враќа во конфликтното време и ниту случајно не може да не приближи до евроатлантските институции, истакна Пендаровски.

На трибината тој посочи дека постојат два столба на кои државава може да се потпира и развива. -Внатре слога, кохезија меѓу сите независно од етничка и верска припадност и надворешно – целосно интегрирани во евроатлантските интеграции. Со концептот на опозициската партија сите етнички заедници и сите граѓани не се еднакви. Кај нив членовите на фамилијата се поеднакви од другите, а во надворешната сфера и политика тие воопшто не размислуваат за Европа. Со нивниот концепт никој од Европа нема да ги покани кафе да пијат во Брисел, а не да бидеме членки на НАТО и ЕУ, нагласи Пендаровски.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска говорејќи на трибината во Карпош побара поддршка од граѓаните за мандат во кој, како што рече, тоа што во изминатите две години го направиле за државата со решавањето на отворените прашања со соседите, и носењето на земјата до членство во НАТО и и преговори со Европската Унија, да го направат за секој граѓанин во неа.

Граѓаните рече, во првиот круг, ни ја упатија пораката дека е малку и се незадоволнои од тоа што го направивме. Тоа, според неа е во ред, и власта во идниот период ќе работи да го намали тоа незадоволство. Но сега, потенцира Шекеринска ни треба мандат за да ја реализираме обврската да го пензионираме режимот на Никола Груевски засекогаш, но и неговите следбеници.

„И ние вчера ја чувме пораката на оние кои останаа дома. Дека очекуваат повеќе, дека и тоа што е сработено не е доволно и свесни сме, дека сакаат тоа да го видат не само за големите државни прашања, туку во секое училиште, на секој шалтер. И ние сакавме да бидеме побрзи, но замислете со кого требаше да седнеме да преговараме, а не сакавме да го погледнеме. Од кого се требаше да побараме глас затоа што тој глас беше потребен за државата. Во тие моменти покажавме дека не сме себични.

Апсолутно не е сеедно што ќе се случува на петти мај. Сé она што го сработивме сега мора да го дотераме до финиш, мора да го завршиме. Ќе побараме одговорност од секој кој ја разочарал вашата доверба, рече Шекеринска.

И таа, како и Пендаровски, смета дека гласот за Гордана Силјановска – Давкова е глас за враќање на владеењето на режинот на Груевски, нешто што во никој случај не смее да се случи да не се вратат лошите денови.

На трибината се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

актуелно едно општество концепт пендаровски поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.