Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски нема да ги потпише измените во Изборниот законик во сегашната предложена форма
Македонија

Пендаровски нема да ги потпише измените во Изборниот законик во сегашната предложена форма

јули 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на државата Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати на престојните локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.

Потпис Пендаровски ставил на Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој вчера со 57 гласови „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“ беше усвоен во Собранието.

Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

На брифинг со новинарите денеска кај шефот на државата беше посочено и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.

Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори.

Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но реакциите особено беа во однос на два отсто изборен праг за оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи.

За измените вчера се огласи и Државната комисија за спречување на корупцијата. ДКСК по повод реакциите на повеќе здруженија во Северна Македонија, како и и Иницијативата од здружението „Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ доставена до неа во однос на предлог измените на Изборниот законик со кои се зголемува прагот на собрани потписи за поднесување на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник кога подносител е група избирачи велат дека од аспект на своите надлежности секогаш укажувале на потребата од голема транспарентност и инклузивност на поголем број чинители во процесите со кои се носат одлуки кои за ефект имаат ограничување или намалување на со Устав загарантираните права на граѓаните на Република Северна Македонија.

„Носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес се спротивни на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори 15 октомври и 29 октомври 2017 и на добрите практики со кои се препорачува стабилна изборна рамка. Имено, Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР укажува дека промените на Изборниот законик во 2017 година донесени во скратена постапка, без широки консултации се во спротивност со обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ и се препорачува стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики, но и да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување, се наведува во соопштението на ДКСК.

Собранискиот спикер Талат Џафери денеска во однос на измените на Изборниот законик не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците којшто започнува на 1 август. Напомена дека матичната Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите. Голем дел од поднесените амандамни кои се околу над 700, се формално уредни, додаде Џафери.

актуелно закон измени пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.