Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Нè интересира подобар животен стандард и да го сопреме иселувањето на младите
Македонија

Пендаровски: Нè интересира подобар животен стандард и да го сопреме иселувањето на младите

април 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нè интересира подобар животен стандард и да го сопреме иселувањето на младите кои со години беа просто терани да бегаат од својата земја. Со стапки на развој, како што
докажуваат сите земји членки, ќе станеме дел од европското семејство – безбедно, богато и со среќни луѓе кои иднината ја гледаат во своите земји. Брзи решенија на тој пат нема. Но оваа генерација македонски политичари не ви вели дека тоа ќе се реши за година или за две, ви вели дека нема друг пат како што тврди, за жал, се уште главната опозициска партија, истакна кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва во Кавадарци.

Нагласи дека оваа коалиција заслужува уште една поддршка и уште една голема победа и дека по долги години се решени неколку проблеми со соседите, спорот за името, направена е конечна имплементација на Рамковниот договор. Лани беше година на интеграции, рече тој, оваа и следната се прогласени за економски години – економијата бележи раст, нови економски фондови и можности допрва доаѓаат. Загарантирани ни се границите и безбедноста со НАТО.

Зборувајќи за политиките во земјоделството пред жителите од лозарскиот крај, претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека исплатени се 110 милиони евра заостанати субвенции, и ги спомна долговите од Повардарие и од неколку други визби.

„Сите ги исплативме. Стечајни постапки се отворија. И тие ги исплативме. Овие денови сите земјоделци повратија персонален данок на доход што поднесоа за поврат до еден милион денари што имаат приходи. Секој што во иднина ќе поднесе, има право на поврат на тој персонален данок.

Четрстотини дваесет и четири грантови од по десет илјади евра само во областа на земјоделието доделивме оваа последна година. И продолжуваме понатаму… Знам дека не е задоволството комплетно за се, но никогаш досега порано немало вакви политики, рече Заев.

Тој зборуваше за интеграцијата и економските придобивки. Да се оди напред заедно, здружени. сплотени, тогаш има успех. Патот по кој сме тргнале е единствениот, рече Заев, повикувајќи на поддршка за Стево Пендаровски кој ќе биде претседател на сите.

Ги повика и опонентните зашто, рече, оваа е и нивна татковина. – Сите сме должни да мислиме за татковината. Оти сите сме должни да мислиме за децата дома што ги имаме, за домот. Сите да се здружиме оти доста ни беа 27 години тапкање во место и шлапање во кал. За политики, економски прашања, здравствени политики, образовни политики, политики од областа на културата, на социјалната заштита… Можеме да бидеме различни, но за татковината треба да му ја мислиме сите. И да носиме одлуки сите. Затоа што секоја поединечна одлука зависи каква ќе ни биде иднината, наша заедничка, како народ, како нација, како држава, рече Заев и додаде дека ако целиот свет го поздравува тоа што е сработено, значи дека е избран вистинскиот правец.

Затоа, порача лидерот на СДСМ, треба да се избере Пендаровски. – Ќе  имаме претседател со кој сите ќе се гордееме и сите ќе го доживееме тоа што го посакуваме – добра земја што чекори напред во НАТО, во Европската Унија, со економски стандард, нагласи Заев пред граѓаните на Кавадарци.

ислеување млади пендаровски подобар стандард
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.