Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Очекувам Република Турција да ја потврди ратификација на Протоколот за членство во НАТО
Политика

Пендаровски: Очекувам Република Турција да ја потврди ратификација на Протоколот за членство во НАТО

мај 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Очекувам Република Турција да ја потврди поддршката за Република Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат преку ратификација на Протоколот за членство во НАТО“, порача шефот на државата Стево Пендаровски, во обраќањето на ифтарската вечер на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, организирана
од Амбасадата на Република Турција.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во присуство на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, Пендаровски истакна дека од почетокот на нашата независност, Република Турција ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот европски и евроатлантски пат.

„Понекогаш можеби имавме и различни видувања за некои прашања, но секогаш сме успевале да најдеме решенија прифатливи за двете страни. Затоа, како претседател очекувам нашите турски пријатели да ја потврдат таа поддршка со тоа што ќе го ратификуваат протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Бидејќи со нашето членство во Алијансата ние не ги внесуваме само нашите воени потенцијали, туку и нашите вредности на соживот и почит кон различноста“, рече
претседателот Пендаровски. Негов приоритет, како што се наведува во соопштението, е да придонесе за граѓанско помирување.

„Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што разделуваат“, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски пред присутните упати честитки по повод светиот месец Рамазан и посака лесен пост, исполнет со радост и со бериќет.

„Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството. Преку заедничката трпеза, Рамазан нè потсетува на важноста на семејството и заедницата како основи на секое општество“, рече претседателот Пендаровски на ифтарската вечер во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

актуелно НАТО пендаровски ратификација Република Турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.