Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија
Македонија

Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија

март 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното интервју во емисијата „Топ тем“, образложувајќи зошто се уште не е воведена кризна состојба на цела територија поради пандемијата од корона вирусот, наведе дека раелно немаме ресурси за да се воведе кризна состојба на цела територија.

Тој нагласи дека во двете општини каде е воведена кризна состојба – Центар Жупа и Дебар, каде според него живеат околу 10.000 лица, се распоредени над 350 лица, припадници на војска и полиција, како и здравствени работници.

– Да објаснам за колкави ресурси станува збор, ако зборуваме за налик на онаа ситуација што ја имаме во Центар Жупа и во Дебар. Во двете општини, севкупно војска, полиција и здравствени работници имаме над 350 луѓе. За две општини кои по попис имаат 15.000 луѓе, а прашање е дали имаат 10.000 сега. Бидејќи е иселенички крај. Ако се оди така и во сите други општини, објективно во сите 80 општини, тоа е кризна состојба на цела територија, со ова ниво на контрола на влез и излез на границите на општините. Ние тоа не можеме физички да го постигнеме, нагласи Пендаровски.

Тој наведе дека со комплетно ангажирање на армискиот состав, со комплетно ангажирање на полицискиот состав и на квалификуваните здравствени работници, ние тоа не можеме да го направиме на целата територија.

– Една работа е да имате на територија на две општини кризна состојба, друго е да имате на три или на четири. Вчерашната проценка беше дека добро е да воведуваме кризна состојба како што одредени општини ќе доаѓаат на дневен ред со вирусот.

Можно е Скопје да оди во таа насока, се уште не е таму, бидејќи е голем град. И објективно оваа бројка што е досега детектирана за толкава бројка на луѓе што живеат тука и во околината, не е алармантна за да мора да се воведе, оцени претседателот.

Тој истакна дека треба да се прави сериозна проценка за распоредување на сили, не само за војска и полиција, тука и за здравствени работници.

– Од средината на вчерашниот ден, до средината на денешниот ден имаме практично дуплирање на случаите. Дневно мораме да правиме анализи, сите ние кои сме во ова инволивирани. Филипче кажа дека е можно пикот на вирусот да биде за еден месец од сега и дека е можно 2.000 луѓе да бидат заразени. Тоа значи дека е можно деновиве повторно да се состане Совет за безбедност. Не е исклучено дека ќе треба да се воведе и поинаква состојба, од оваа што ја имаме сега – кризна состојба само во две општини, посочи претседателот.

Пендаровски нагласи дека денеска е изречена и правата казна на човек кој на граница потпишал дека ќе биде во самоизолација. Како што рече, казната е во висина од 1.000 евра, нагласувајќи дека има и повисоки казни за оние кои не ги почитуваат мерките.

– Не постои ниту една држава од нашето опкружување, ниту во Европа која има мерки кои кај нас веќе не се имплементирани, потенцираше претседателот.

актуелно кризни пендаровски ресурси состојби
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.