Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: „Стоковите резерви на државата се полни“
Македонија

Пендаровски: „Стоковите резерви на државата се полни“

февруари 25, 2022Updated:февруари 27, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државата има доволни стокови резерви за задоволување на потребите на граѓаните, но проблем може да настане доколку кризата во Украина потрае подолго и тогаш ќе бидат потребни интервентни увози, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Утрински брифинг“.

Тој нагласи дека токму за ова било разговарано и на вчерашниот Совет за безбедност, заедно со прашањата поврзани со безбедносните аспекти.

„Проценките се однесуваат на реалните факти изнесени од премиерот. Ние сме пополнети во стоковите резерви. Проблем ќе биде ако ова со Украина потрае подолго.

Тогаш ќе треба да правиме интервентни увози. Србија донесе одлука да не прави извоз на животно битни ресурси. На берзите се качија цените не само на нафтата, туку и на житото, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека немал комуникација со рускиот амбасадор во земјава, а веројатно нема ниту Владата, но бидејќи земјава како членка на НАТО се приклучи на санкциите кон Русија очекува реципрочна мерка од страна на Москва.

„Во однос на санкциите, тоа се главно финансиски санкции и не верувам дека ќе имаат поголем ефект. Голем дел од операциите во Украина се финансирани и со биткоини, а тоа не може да се сопре, вели претседателот Пендаровски, додавајќи дека ситуацијата во Украина се компликува, а целта на руските сили е да падне Киев за да почнат преговори.

Според него, во следниот период во земјава ќе се случува збивање на редовите пред она што се оценува како заедничка опасност и ризик, исто како што има во НАТО и ЕУ.

„Нема никакво оправдување за ова што го прави Путин и го вели – дека Украина има профашистички режим и е предводена од еден Евреин, истакна Пендаровски.

„Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука, додаде Пендаровски.

Шефот на државата потенцира дека во Северна Македонија има забележителен број граѓани кои негуваат пријателски чувства кон Русија и дури и такви кои имаат симпатии кон рускиот претседател Владимир Путин.

„Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии кон Русија поради религијата, јазиците и словенскиот етникум. Она што мене ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Особено загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите се предоминантно за оваа опција што може да направи проблем околу идните процеси, вели Пендаровски.

Тој потенцира дека не се сомнева во прозападната политичка ориентација на големите политички партии, но дека анкетите покажуваат и поинакво расположение кај граѓаните.

„Голема политичка штета прави тоа што нашите западни партнери по промената на името не ги започнавме преговорите. Оти како да им се објасни на граѓаните неисполнувањето на вториот дел од референдумското прашање?, додава Пендаровски.

Според него, постои впечаток дека Западниот Балкан е објективно заборавен од ЕУ, имајќи предвид дека ние 17 години чекаме да почнеме преговори, а Србија и Црна Гора преговараат веќе 10 години.

„Која е перспективата на луѓето што ние им ја нудиме? Сите се согласуваат дека Западниот Балкан е неправедно запоставен, а Европа го гледаше Балканот само од призма на бегалскиот бран, додава Пендаровски, нагласувајќи дека по завршувањето на украинската криза, би можело да дојде до омекнување на ставот на Бугарија кон земјава.

Во врска со барањата за одржување на лидерска средба, шефот на државата истакна дека не е оптимист дека таа би била продуктивна.

„Кога се повикува на лидерска средба тоа значи дека Парламентот не функционира. Второ, треба да има согласност од двете страни, а тоа нема. Им предложив на двете најголеми партии да присуствуваат на Советите на безбедност што ги организирам, но не се согласија. Предложив службите да ги информираат. Се надевам дека ќе има позитивна реакција на тоа службите да ги информираат партиите за состојбите и во државата и надвор од неа, потенцира Пендаровски.

Околу барањето на опозицијата за одржување на вонредни парламентарни избори, претседателот на Републиката оценува дека тоа би довело до „закочување“ на државата и на процесите во неа.

„Изборите ја забавуваат целата економска и политичка динамика, предупреди Пендаровски, додавајќи дека сепак доколку мнозинството пратеници во Собранието се изјаснат за одржување на предвремени избори, тој тоа ќе го прифати тоа.

МИА

актуелно криза пендаровски полни стокови резерви Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.