Италијанскиот пензионер Клаудио Трента (72) се бори со парична казна од речиси 900 евра за поправање дупка. Трента бил толку фрустриран од неуспехот на локалните власти да ја поправат дупката од 30 сантиметри на пешачки премин во Барласина, мало гратче во Ломбардија, што решил сам да преземе нешто полнејќи го со битумен.
Поради ова тој сега треба да плати 882 евра, глоба што покрена голема дебата меѓу италијанската јавност.
Во објава на Фејсбук, Трента сподели фотографија од писмото што го добил од полицијата во кое го обвинуваат дека ги прекршил правилата. Тој е казнет за вршење на потенцијално опасна работа на јавен простор без дозвола или овластување за тоа. Исто така, му било наредено да ја врати дупката во првобитната состојба.
„Ако мислат дека сум идиот, грешат. Ме испровоцираа, па сега поднесувам противтужба против советот поради небрежност“, изјави тој за „Кориере Дела Сера (Corriere della Sera).
Тврди дека дупката ја пријавил кај локалните власти… неколку пати во текот на три месеци.
Случајот со „дупката на патот“ доби голем медиумски публицитет во цела Италија, а Трента ја доби поддршката од јавноста.
„Денеска испратив протестна електронска пошта до градското собрание на Барласина. Свесен сум за реалноста во Калабрија и Сицилија, каде улиците се претворени во решетки и ако луѓето не направат нешто сами, се ќе пропадне“, напиша еден граѓанин на Фејсбук.
„Ќе се бориме до крај. Советот треба да ви ги врати парите потрошени за вреќа битумен“, додаде друг.
Виторио Сгарби, потсекретар во Министерството за култура, се приклучи на дебатата.
„Покрај законот за автопат, постои и здрав разум. Здравиот разум требаше да ја наведе локалната полиција да му се заблагодари на овој господин“, нагласи тој.
Трента е поканет утревечер да се појави во телевизиска емисија (Mediaset Le Jeune), за да даде повеќе детали за случајот.
„Не сум навикнат на целиот овој публицитет. Ќе се борам до крај оваа казна да биде укината затоа што според мене е неправедна. Зошто да ме казнат мене наместо оние кои знаеја за проблемот и не интервенираа“, вели
(Фото: Илустрација / Профимедиа)







