Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски поднесе оставка. Тој објасни дека дал оставка од претседателската функција, но не и од членството во Советот. Оставката ја поднел поради семејни причини.
Денеска советот на јавни обвинители требаше да одржи седница на која беше предвидено назначување на в.д јавен обвинител на местото на Марко Зврлевски. Минатиот четврток седницата беше откажана поради немање кворум.
Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.
Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, п ретседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање.
Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.







