Пет лица се приведени заради вмешаност во нападот на пратениците во Собранието на Македонија во четвртокот. Од нив еден е началник на Управата за безбедност и контраразузнување.
Против десет, пак, е издаден налог за нивно пронаоѓање и приведување.
Лицата се товарат за по две кривични дела: учество во толпа и спречување на службени лица во вршење на нивната работа и извршување на други кривични дела.
Кривични пријави се поднесени против К.Џ.(54), Б.М.(38), Н.М.(34), Ѓ.Б.(44), Д.Д.(45), В.Н.(45), С.П.(57) и А.З.(63) од Скопје и Д.Х.(43) од Прилеп за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
Против Д.В.(36), А.С.(39), М.Ц.(39) и М.С.(47) четворицата од Скопје, поднесена е кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, а против Д.А.(62) од Скопје и И.Ј.(46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие и учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Осомничените за упадот во Собранието од поодамна им се познати на органите на прогонот.
Дел од нив учетвуваа во немирите пред Општина Центар и упадот во општината и нападот на студентите на плоштадот Македонија кои протестираа против изградбата на „Скопје 2014“, а во постапка им се кривични пријави и за други дела.
Вознемирувачко видео:











