Подаваме рака на пријателска Словенија.
Подготвени сме да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави.
Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош.
Заедно сме посилни, напиша министерката на Фејсбук.







