Во денешниот натпревар од 28. коло на полската прва Екстракласа лига, Пиаст Гливице на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов, на свој терен, пред своја публика, ја совлада екипата на Горник Лечна со 1-0 со голот на Камил Вилчек.
Но, победата на Пиаст ја засени повредата на нашиот интерациоалец. Тој при еден воздушен дуел лошо доскокна и се здоби со повреда на лигаментите заради што беше заменет.
Александрос Катранис: „Пред да почнам да зборувам за играта, би сакал да кажам дека сите наши мисли сега се со Рауно и Тихо кои се повредени. Ние сме со нив! Се надевам дека ќе ни се вратат наскоро и уште посилни! Среќни сме со трите бода. Имаме некои работи за подобрување на кои ќе работиме оваа недела“.
Томаш Хук: „Тежок натпревар, но морам да признаам дека и самите направивме да биде така. Горник премногу лесно влегуваше во нашиот шеснаесетник. За среќа, Феро беше зад нас. Се боревме за овие три бода. Загрижен сум за повредите на Тихо и Рауно… Ама се надевам нема да биде ништо сериозно и тие ќе се вратат кај нас наскоро“.
Валдемар Форналик (тренер на Пјаст Гливице): „Натпреварите одиграни како фаворит не се лесни, а така беше и овој пат. Не е лесно да се игра со тимови на кои им гори под нозете… Очекувавме подобра игра во нашите следни настапи. Но, за нас засега најзагрижувачки се повредите… За Тихомир Костадинов се сомнева дека има скинати лигаменти, а Рауно Сапинен скршеница на кранијалната коска. Станува збор за сериозни повреди и тоа е она што најмногу не загрижува во моментов… Деталните дијагнози ќе бидат познати во понеделник-вторник.“