Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пиринејски „Голем брат“: Шпанија ќе следи милиони граѓани преку мобилни
Европа

Пиринејски „Голем брат“: Шпанија ќе следи милиони граѓани преку мобилни

ноември 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Милиони Шпанци оваа недела ќе бидат во чекор следени преку нивните мобилни телефони, во рамки на контроверзната владина студија, која е замислена за прибирање на информации за тоа каде патуваат граѓаните, но и за жради „подобрување на јавните услуги“.

Националниот завод за статистика ги уверува луѓето дека осумдневниот проект е потполно анонимен, но тоа не ја запре загиженоста заради прашањето на приватноста.

Трите најголеми шпански оператори на мобилната телефонија, „Мовистар“, „Водафон“ и „Оранж“, учествуваат во проектот и тврдат дека не го кршат законот со тоа што прибраните податоци ќе и ги предадат на владата. Трите компании претставуваат речиси 80 отсто од мобилните корисници во Шпанија.

Шпанскиот завод за статистика прво ќе го следи движењето на луѓето меѓу 18 и 21 ноември, потоа на 24 ноември, на Божик (25 декември), па потоа на 20 јули и 15 август следната 2020 година.

Со достапните информации може, на пример, да се види „колку мобилни телефони има во 17 часот во одредена улица, во кој било град со повеќе од 15.000 луѓе“, информираат од Заводот за статистика.

Не е изненадување тоа што многу Шпанци на социјалните мрежи не ја дочекаа идејава со голема симпатија.

„Не сум ви дал никаква согласност да ме следите и да кажувате каде сум“, напиша едно лице, советувајќи ги Шпанците да бараат телефонски компании кои не учествуваат во студијата.

Друг, пак, на Твитер одговори на објавата на надлежните за студијата со детали на неговиот распоред за денот „за да му го олесни животот на ‘големиот брат’“, додека други велат дека, ако владата сака информации за патувањата на граѓаните за попис на населението, треба тоа да го побара од нив, пред да ги „испокраде“ низ таква студија.

Некои луѓе велат дека во текот на проектот своите телефони ќе ги стават во мирување, во „авионски режим“.

Шпанските медиуми, исто така, објавија информации кои објаснуваат како корисниците на телефони можат да избегнат следење во предвидените термини.

За да се спроведе истражувањето, агенцијата ја подели земјата на 3.200 ќелии, со преку 5.000 луѓе во секоја. „Снимателите“ ќе можат да дознаат колку телефони има во секоја ќелија во одредено време од денот.

Прво ќе се анализираат телефоните помеѓу полноќ и 6 часот наутро, за да се дешифрираат корисниците на мобилните, а потоа повторно меѓу 9.00 и 18.00 часот, за да се открие каде работат или, на пример, каде одат во текот на денот.

Резултатите ќе бидат користени во пописот во 2021 година и ќе се открие кои рути за патувања најчесто се користат, кои локации се најпосетувани за одмор, како и информации за тоа колку луѓе работат или студираат на голема оддалеченост од своите домови.

Владата ќе плати на секој од трите глави оператори по 500.000 евра за пристап до вредните информации, се наведува во извештајот.

актуелно попис проект студија Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.