На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа маж кој скока низ прозорец од полициска станица со радијатор врзан за рака.
Тој скокнал низ прозорец од првиот кат врз автомобил кој бил паркиран пред полициската зграда.
Снимката е од Москва, но се уште не се знаат детали за настанот.
Коментаторите претпоставуваат дека приведениот маж го искористил невниманието на полицајците за да побегне.