Во тепачка што се случи попладнево во Шуто Оризари повреден е актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам, кој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
Околу 18 часот на ул. „Гвадалахара“ во скопската општина Шуто Оризари настанала меѓусебна тепачка меѓу две групи на граѓани, соопшти МВР.
Екипи на СВР Скопје веднаш се упатиле на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, се додава во соопштението.
Според директорот на ГОБ „„8 Септември“ Христијан Костов, Бајрам е надвор од животна опасност.
Бајрам, како рече, бил удрен со тап предмет по главата во пределот на челото и нагоре, имал рана од осум сантиметри што му била сошиена со шест конци.







