Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Повторно заживува изградбата на „Чебрен“, тендер до крајот на годината
Економија

Повторно заживува изградбата на „Чебрен“, тендер до крајот на годината

јуни 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе се надградува студијата за изградба на „Чебрен“ и ќе се обновува тендерската документација. Проектот вреден половина милијарда евра повторно ќе заживее, во вид на јавно-приватно партнерство.

Како што беше речено денеска во Владата по потпишувањето на Договорот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), изградбата на хидроелектраната се очекува да почне догодина, а првите количини струја би требало да протечат во 2025 или 2026 година со оглед дека се работи за голем, капитален проект.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, заинтересирани инвеститори има многу, од регионот и од Западна Европа. Сите се од енергетскиот сектор.

-По десетина години, го оживуваме проектот „Чебрен“ кој е веројатно стар колку што сум јас и кој многу години и генерации го зборуваат. Но, од тогаш се променети многу работи. Ценевме дека е разумно и прагматично, она што е досега направено да не го фрламе, туку да го искористиме, само да го надградиме согласно она што го бараат актуелните околности на енергетскиот пазар кој е многу полиберализиран во регионот. Таа можност треба да ја искористиме. Предност е и тоа што нашата држава денес е многу постабилна од пред десет години и поради тоа многу поатрактивна за странските вложувачи, истакна Анѓушев.

Апдејтирањето на студијата зад која стои ИФЦ, со најновите технички податоци и со податоците од актуелните услови на енергетскиот пазар ќе се заокружи до октомври/ноември годинава по што, најави Анѓушев, до крајот на 2019-та ќе се распише и тендер. Тендерската постапка, пак, се очекува да заврши во првата половина на 2020 година, а потоа ќе почне и изградбата на хидроелектраната.

„Чебрен“, напомена вицепремиерот, ќе има можност за давање секундарна регулација или т.н. балансна енергија која има своја вредност, а тоа како проект ќе го направи уште поатрактивен за инвеститорите.  Инсталираниот капацитет ќе биде флексибилен за компанијата инвеститор, но, сепак, не помал од 350 мегавати. Во јавното приватно партнерство, страната на државата ќе ја застапува ЕСМ која сега е многу помоќна компанија од она што беше порано.

– Досега имавме девет неуспешни тендери за „Чебрен“, а некаде слушнав дека се 11. Не би сакал да навлегувам од кои причини не поминаа, иако имаше и објективни и субјективни. Во еден период се јавија сериозни инвеститори, но се одлучи да не им се дозволи да склучат договор. Овој пат сум убеден дека тендерот ќе успее зашто државата е многу постабилна за разлика од пред 10 години, а тоа значи сигурност за инвеститорите и атрактивност. Земјава е пред зачленувањето во НАТО, а наскоро треба да ги почне и преговорите со ЕУ што дополнително ја прави привлечна за странските вложувачи, потенцира Анѓушев.

Потпретседателката на ИФЦ за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер рече дека земјава има добар потенцијал за производството на хидро-енергија.

-Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со неа и со другите развојни партнери на изработката на проценката на проектот за „Чебрен“ кој претставува клучна иницијатива за подобрување на идната енергетска сигурност на земјата. Владата на Северна Македонија е со амбициозна цел, долгорочен економски развој, одржлив раст, креирање работни места, а ИФЦ сака да биде дел од тоа, изјави Бејкер.

Проектот за ХЕЦ „Чебрен“, според ИФЦ, има потенцијал на Северна Македонија да и обезбеди чиста обновлива енергија и да овозможи земјата да ја намали зависноста од јагленот со кој сега се произведува електрична енергија за повеќето од домовите и бизнисите. Исто така, овој проект има потенцијал да обезбеди важни услуги за енергетските системи како во Северна Македонија така и во другите земји од регионот.

актуелно заживува чебран
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.