Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поддршка за грчката Влада од шестмина пратеници
СВЕТ

Поддршка за грчката Влада од шестмина пратеници

февруари 5, 2019Updated:февруари 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Со писма до претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, шесттемина пратеници што гласаа за доверба на грчката Влада, бараат од сега па натаму, нивните гласови да се бројат заедно со гласовите на пратениците од СИРИЗА за законите што во иднина ќе ги носи владата и за кои ќе биде потребно владино мнозинство, а не гласање со прозивање на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, ова не значи дека тие автоматски ѝ се приклучуваат на пратеничката група на СИРИЗА, дел од нив остануваат и понатаму независни пратеници, а дел членови на Независни Грци.

Станува збор за независните пратеници Елена Кундура и Василис Кокалис (беа дел од Независни Грци), Спирос Данелис (претходно дел од Река), Катерина Папакоста, но и Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис кои иако ја поддржаа владата, сѐ уште се членови на Независни Грци.

Токму за последните двајца имаше реакции и коментари во Грција дека паралелно се и опозициски и владини пратеници.

Откако Независни Грци се повлекоа од владината коалиција, владата, остана со 145-те пратеници од СИРИЗА и го загуби потребното мнозинство од минимум 151 пратеник. Со одлуката на шесттемина пратеници актуелната грчка Влада стигна до потребната бројка.

Со исклучок на Костас Зурарис од Независни Грци и Василис Кокалис, останатите четири пратеници гласаа и за доверба на владата и за ратификација на Договорот од Преспа.

Зурарис во неговиот допис до претседателот на Парламентот во кој бара неговите гласови во иднина да се бројот заедно со оние од владејачката СИРИЗА, пишува дека оваа негова изјава „го исклучува гласањето за ПЈРМ“, односно дека тоа не важи за гласањето за ратификација на протоколот за членство во НАТО.

Танасис Папахристопулос од Независни Грци, според неговите најави се очекува да си замине од пратеничката група на Панос Каменос откако ќе биде изгласан протоколот за НАТО.

За последните случувања и одлуката на пратениците реагираа од опозициската Нова демократија и велат дека станува збор за „парламентарен срам без преседан“.

„Шесте патерици на господинот Ципрас бланко ја отстапија нивната совест, изјавувајќи дека се подготвени да гласаат што и да донесе во Парламентот. Нова демократија нема да го дозволи ова парламентарно понижување. Денешното полномошно е уставно неосновано, коментираат од Нова демократија.

актуелно грчка влада поддршка пратеници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.