Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поддршка од Италија за евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето е клучно за регионот и Европа
Македонија

Поддршка од Италија за евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето е клучно за регионот и Европа

мај 25, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија, а остварените резултати на нашата земја на патот на евроинтеграциите треба да имаат соодветна завршница со итно отворање на пристапните преговори.

Ова беa главните поенти од вчерашната средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот италијански колега Марио Драги, која се одржа во рамки на дводневната посета на македонската делегација на Рим по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

И двајцата премиери беа децидни дека проширувањето на Европската Унија е клучно за просперитетот на регионот и на Европа.

Премиерот Ковачевски по средбата истакна дека од Италија имаме гласна и доследна поддршка за процесот на интеграција во ЕУ.

Од владината прес-служба информираа дека двајцата премиери изразиле согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на Европа.

Било потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Северна Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата со надворешната политика на ЕУ, како вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободен и демократски свет.

Премиерот Ковачевски, кој ја предводеше македонската делегација на одбележувањето на Денот на светите браќа Кирил и Методиј, оствари средба и со бугарскиот премиер Кирил Петков по која изјави дека продолжуваат разговорите меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи и кога ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри.

– Средбата се искористи и за разговор врзан за потребата од продолжување на дијалогот за деблокирање на процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Премиерот Ковачевски во разговорот со премиерот Петков истакна дека за двете земји од најголема придобивка е процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности поддржани и прифатени од двете страни со почитување на достоинството на граѓаните, соопшти владината прес-служба по средбата.

Инаку, вчера во рамки на одбележувањето на Денот на Светите Кирил и Методиј, македонската делегација оддаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе.

Во киното „Тицијано“ беше прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување беше на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).
Во понеделникот пак, премиерот Ковачевски во рамки на неговата посета во Ватикан и Рим одржа тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск.
За време на средбата беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и извршија мисија на поврзување на народите на Европа. Северна Македонија и Ватикан, од воспоставувањето дипломатски односи од пред 28 години со посветеност и меѓусебно почитување градат пријателство базирано на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза, беше нагласено на средбата.
Премиерот Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи имаа средба и со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер, на која беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство.

Програмата во чест на Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделникот беше заокружена со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре.

Во културно-уметничкиот дел, во понеделникот во салата „Балдини“ во Рим се одржа концертот на  реномираниот тенор Благој Нацоски, кој настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини.

Државни делегации од земјава традиционално секоја година оддаваат почит за Денот на сесловенските просветители во Рим и Ватикан.

 

МИА

актуелно Евроинтеграции италија поддршка северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.