Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поддршка од САД за посветеноста на Скопје и Атина кон Преспанскиот договор
Македонија

Поддршка од САД за посветеноста на Скопје и Атина кон Преспанскиот договор

декември 15, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Определбата за имплементација на Преспанскиот договор во Скопје и во Атина со приближувањето на процесот на уставните измени во Македонија кон нивниот финиш се силни и во континуитет се реафирмираат, а очекувања историскиот договор да биде успешно процесуиран и во Грција стигнаа и од државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека ќе добие целосна поддршка од пратениците за уставните амандамни и дека процесот ќе се заокружи околу средината на јануари 2019 година.

„Треба да појасниме на сите, да знаат дека не излегоа мечки во амандманите, нема ништо скриено, дебатите се тие. Чесен пристап на имплементација на Договорот од Преспа. Видовте дека имаме инклузивен процес и од албанската заедница. Ја вклучивме целата дијаспора, го зајакнавме македонскиот идентитет. Верувам дека пратениците тоа ќе го поддржат, зашто тие го предлагаа, а претходниот пат не гласаа во Парламентот, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по националната конференција за децентрализација.

Во врска со најавената оставка на Панос Каменос кога уставните амандмани ќе се изгласаат во македонското Собрание, Заев рече дека има доверба во грчкиот премиер Алескис Ципрас, во грчката Влада, вклучувајќи ја опозицијата, како и во грчкиот народ.

„Имам доверба и во Каменос кој е исто така дел од Владата. Треба да дадат шанса на еден ваков историски договор зашто договорот е добар за двете земји, за двата народа. Верувам дека бенефитите ќе се видат во следните месеци од неговата имплементација. Јас сум убеден дека довербата што ја имам во Алексис Ципрас ќе биде имплементирана во Парламентот како што јас се трудам довербата што Ципрас ја има во мене и кон македонската Влада да биде имплементирана во Собранието.

„Сериозен и суштествен е процесот кај нас. Ниту јас како упатен човек не можам да гарантирам дека ќе успее македонскиот Парламент, но тоа што можеме да го направиме, го правиме и ќе продолжиме да го правиме, е максимлано инклузивен процес што успешно ќе заврши кон средината на јануари. На 9. јануари е закажана пленарната седница, а за не повеќе од 10 дена, околу средината на јануари, верувам дека ќе успееме да ги изгласаме конечните амандамни, потенцира премиерот Заев.

Во однос на Договорот од Преспа, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пресрет на вчерашниот говор на Алексис Ципрас во Солун изјави дека со уставните измени постои целосно почитување на договореното. Истакна дека треба да се инсистира на фактот дека “реално е голема историска шанса за да се реши, можеби последното, големо идентитетско прашање на Балканот”, но и дека според него, со стапувањето во сила, договорот ќе доведе до нова ера во регионот.

„Од измените на Уставот што се во тек во Поранешната југословенска Република Македонија произлегува дека постои целосно почитување на Договорот од Преспа кој конечно, ги решава прашањата поврзани со иредентизмот и можните прашања што ќе можеа да произлезат ако не стигневме до заемно прифатлив и правно обврзувачки договор, коментира Ѕанакопулос, пренесе МИА.

Во меѓувреме, грчката партија Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет и на парламентарната група, во врска со Договорот од Преспа, го потврдила ставот дека тие поддржуваат решение, но ги очекуваат точните формулации на уставните амандмани што ќе се гласаат во Собранието, „каде што ќе се покаже степенот на адаптација на новата реалност од страна на соседите”.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Река, Ставрос Теодоракис рекол дека набргу Грците ќе бидат повикани да донесат важна одлука што нема да биде лесна.

„Нашата одлука треба да биде поврзана со патриотскиот интерес, а не со поединечни партиски интереси. Безбедноста, стабилноста, развојот на регионот се нераскинливо поврзани со европската перспектива на Балканот и ова е компасот за одлуките на Река, рече Теодоракис на состанокот на политичкиот совет и на парламентарната група на партијата.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во Вашингтон, изјави дека влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот.

Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство ќе успее да го спроведе, со оценка дека договорот ќе ја зајакне грчката позиција на Балканот и ќе го намали руското влијание во регионот. Истакнал дека треба да се поздрави и поддржи заложбата на премиерот Ципрас за решавање на долгогодишниот спор.

„Во јуни беше потпишан договорот кој ќе има позитивно економско влијание и ќе и помогне на Грција да стане „Врата на Балканот“. Тој договор ќе му помогне на вашиот сосед да се присоедини кон НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, како и да го зајакне Балканот против штетното руско влијание, вели Помпео.

Катругалос, пак, ја повторил решеноста на Владата на Ципрас да го спроведе Договорот од Преспа, кој како што вели, ќе има заемна корист за Атина и Скопје, како и да продолжи во решавањето и на другите отворени регионални проблеми.

актуелно Атина Договор поддршка преспа САД скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.