Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОДЕЛЕНИ РЕАКЦИИ: Извештајот за Македонија за едни е „правичен“ и „поттик“, за други „историски најлош“ и „жална вест“
Македонија

ПОДЕЛЕНИ РЕАКЦИИ: Извештајот за Македонија за едни е „правичен“ и „поттик“, за други „историски најлош“ и „жална вест“

ноември 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Извештајот е искрен, но правичен – е коментарот на европските дипломати за годишниот рапорт за земјава кој донесе низа критики пред се за отсуството на напредок во судството и во справувањето со корупцијата. Евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, кој вчера, зад затворени врати, пред државно-владиниот врв го презентираше извештајот, денеска, јавно, ги анализираше наодите во документот, фокусирајќи се на слабите точки во делот на владеењето на право.

Сепак, Гир на извештајот гледа како на начин за охрабрување на сите фактори во државата, и од власта и од опозицијата за, како што вели, да направат многу повеќе за напредок во реформите.

„Единствениот пат до ЕУ е преку реформите, тоа значи сеопфатни реформи, како што е наведено во извештајот. Ако сакате да ги уживате поволностите на членство во ЕУ мора да бидете доволно отпорни и подготвени да уживате во тоа, а ние како ЕУ мора да бидеме сигурни дека доаѓате како партнер кој е цврст и отпорен. Затоа, толку многу инвестираме во реформите. Реформите се од суштинско значење. Во однос на уставните измени, јасно е – договорот е дека ги отворивме пристапните преговори, скринингот тече добро, барањето за патокази е доставено… Следниот чекор е јасен – движењето кон преговорите за првиот преговарачки кластер зависи од уставните измени.“, изјави Гир.

Власта, не негира дека има слабости во функционирањето на процесот на евроинтеграции, но сепак главната вина за остриот речник што Брисел го користи во извештајот ја гледа кај опозицијата.

„Ако треба да определам кој е главниот виновник, сигурен сум дека главен виновник може да се лоцира во онаа политичка структура која со години ја блокира својата држава. Во тоа немам дилема, многу повеќе закони и работи ќе беа направени да не беше таа блокада во собранието. Таа блокада е на секој чекор – дали за Преспанскиот договор, дали за уставните измени, ние секогаш сме се соочувале со сериозни блокади. Тоа не значи дека ние како влада немаме слабости или недостатоци кои треба да се надминат или другите институции кои работат во правосудството немаат недостатоци и слабости…“, оцени Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Другата страна повторува дека станува збор за „најлош извештај што досега земјава го добила“. За забелешките на ЕК за „блокираната работа“ на парламентот, опозицијата вели дека е задоволна што Брисел тоа го нотирал.

Таа блокада беше реакција кон владата и мнозинството и имаше за цел да го спречи носењето на криминалните закони.

„Ние, како пратеничка група со т.н активна блокада која ја спроведувавме во собранието во ниту еден момент не ги спречивме битните процеси и битните закони. Таа блокада беше реакција кон владата и мнозинството и имаше за цел да го спречи носењето на криминалните закони.“, коментираше Никола Мичевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сме изненадени од содржината на извештајот“, е ставот на опозицијата од албанскиот блок.

„Ова е жална вест за граѓаните на нашата земја, иако не е нова вест за нас. Коалицијата ‘Европски Сојуз за Промени’ веќе подолго време предупредува дека оваа за влада интеграцијата во ЕУ не е примарен фокус, бидејќи таа е зафатена со бизнисот на игрите на среќа, како и со зголемување на нивото на корупција.“, истакна Сафије Садики – Шаини од Алтернатива.

Европската комисија меѓу другото нотираше дека земјата се соочува со „предизвици во делот на владеењето на правото, немање напредок во судството и борбата против корупцијата и силна политичка поларизација, пред се во парламентот, поради која било одложено усвојувањето на низа закони важни за ЕУ-реформите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: ВОА)

актуелно вмро-дпмне дејвид гир Европа извештај македонија реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.