Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Под сто нови случаи со Ковид-19, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите
Во Фокусот

Под сто нови случаи со Ковид-19, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите

август 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во земјава во претходното деноноќие се регистрирани 89 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.529 тестирања.

Починати се седум пациенти, а оздравени 215 лица.

Во меѓувреме, на видеоконференција на тема Ковид-19 во земјите од
Западен Балкан, Грција и Бугарија, државите од регионов се договорија да изработат протоколи за отворање на границите.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.

На Инфективната клиника во претходното деноноќие примени се осум
пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти од кои на кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти.

Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 5.821, активни 847, Куманово 1.420, активни 371, Дебар 243, активни 78, Штип 1.119, активни 214, Прилеп 435, активни 92, Тетово 1.202, активни 179, Струга 553, активни 59, Велес 265, активни 26, Битола 199, активни 41, Охрид 331, активни 30, Кавадарци 173, активни 71, Гостивар 761, активни 269, Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци), Струмица 59, активни 21, Крива Паланка 39, активни 11, Радовиш 41, активни 12, Крушево 16, активни 0, Кочани 138, активни 25, Пробиштип 78, активни 19, Демир Хисар 60, активни 17, Македонски Брод 70, активни 20, Пехчево 15, активни 9, Берово 50, активни 41, Валандово 8, активни 1, Виница 64, активни 36, Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 16, активни 1, Свети Николе 281, активни 58, Кичево 268, активни 75, Ресен 146, активни 0, Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)–во Чаир–110, Гази Баба–107, Аеродром–101, Карпош–86, Центар–90, Кисела Вода–96, Ѓорче Петров–55, Бутел–65, Шуто Оризари–32, Студеничани–19, Сарај–28, Арачиново–16, Илинден–11, Сопиште–6, Чучер Сандево–6, Петровец–9, Зелениково–4, Странец–5, Нераспределен–1.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера учествуваше на видео
конференција со своите колеги од регионот на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.

На видео конференцијата која ја иницираше министерот Филипче, учесниците информираа за состојбата со коронавирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за есен и процесот за набавка на вакцината.

Филипче информираше дека во моментов, земајќи ги во предвид главните индикатори за евалуација на епидемијата, состојбата во нашата земја е стабилна.

Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од
регионот, Филипче посочи дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се сложија и останатите учесници на конференцијата.

„Врз основа на тоа, на видео состанокот е договорено да се изработи
иницијален документ на заемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи најдоцна за две недели“, стои во соопштението од Министерството за здравство

актуелно ковид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.