Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Под хипотека 140.571 стан, во Скопје нови 1.209
Економија

Под хипотека 140.571 стан, во Скопје нови 1.209

август 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Под хипотека во државава се 12,8 проценти од становите.

Од вкупно впишани 1.095.579 хипотека има на 140.571, покажуваат податоци од Регистарот на цени и закупнини од почетокот на април до крајот на јуни годинава.

На крајот на минатата година под хипотека биле 132.527 станови, а во првиот квартал годинава тој број се зголемил на 138.425.

Во вториот квартал, споредено со првиот квартал кога настапи пандемијата со Ковид-19, има намалување на купопродажбите со недвижности, односно регистрирани се 562 трансакции помалку, а кај закупите намалувањето е за 1.347.

Најголем број станови под хипотека има во Скопје, каде од вкупно 321.430, заложени се 69.668 станови или 21,67 проценти.

По главниот град следат Неготино со 2.413 станови или 18,6 проценти, Гевгелија со 16,5, Кавадарци со 14 проценти, Битола со 13 проценти и Штип и Кочани со по 12 проценти, Струмица со 11,9 проценти…. Кратово, пак, е општината со најмалку станови под хипотека, само 1,34 проценти, како и Македонски Брод и Крива Паланка, со по 1,71 и 2,4 проценти.

Споредено со првиот квартал, во вториот квартал во главниот град има 1.259 повеќе впишани хипотеки, односно нивниот број се зголемил од 68.409 на 69.668.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини покажуваат и дека во вториот квартал годинава се намалени купопродажбите на недвижности за 562 трансакции во однос на истиот квартал од минатата година.

Најголемиот број продажби припаѓаат на становите, односно 42 проценти.

Споредено со првиот квартал, во второто тримесечие годинава има зголемување на продажба на становите за девет проценти.

За исто толку проценти пак се намалил бројот на трансакции со земјоделско земјиште, односно од 36 проценти во првиот квартал на 27 проценти во вториот.

Градежното земјиште во овој квартал учествува на пазарот на недвижности со 14 проценти, куќите со девет проценти, деловните простори со четири проценти, останатите недвижности со 3 проценти и индустријата со еден процент од пазарот на недвижности.

Најголема активност на пазарот е забележана во јуни, кога имало 1.381
продажба, а најмала активност во мај, односно 873 продажби.

Во април се регистрирани 943 продажби на недвижности.

Анализата од Регистарот покажува и дека најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 343 станови, додека пак најголем број продадени куќи, 31, има на територијата на општина Битола.

Во Општина Центар, пак, се забележани најмногу продажби на деловен простор, 18, а најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Куманово, Битола и Чешиново и Облешево со по 30 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Сарај со 76 продажби.

Во овој квартал се регистрирани и продажби на 13 индустриски објекти и тоа во поголем број општини.

Во Регистарот на цени и закупнини во вториот квартал се запишани и 876 закупи, за 1.347 помалку трансакции во однос на првиот квартал кога биле регистрирани вкупно 2.223.

Во јануари имало 642, во февруари 811, во март 770, додека во април се регистрирани 196, во мај 262, а во јуни 418.

Од закупите во вториот квартал најголем процент, 41, отпаѓа на деловни
простори, по што следат становите со 28 проценти, земјоделското земјиште со 13 проценти, куќите со 12 проценти, а градежното земјиште и индустријата со три проценти.

На Регистарот на преземени недвижности, пак, преку кој се нуди на продажба одземен имот, моментно се на продажба 91 стан, 165 деловни простории, 47 гаражи, 75 помошни простории, како и 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници).

Тоа се имоти на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата.

 

ИЗВОР: МИА
Лидија Велковска

актуелно стан хипотека
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.