Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОЖАРИ БЕСНЕАТ НИЗ ЕВРОПА: Португалија се топи на +47, драма на југот на Италија…
Во Фокусот

ПОЖАРИ БЕСНЕАТ НИЗ ЕВРОПА: Португалија се топи на +47, драма на југот на Италија…

јули 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ширум европскиот континент беснеат стотици пожари. Во последните две недели, поради високите температури починаа неколку илјади луѓе. Бројни земји бележат температурни рекорди.

Повеќе од 30 шумски пожари низ Шпанија принудија на евакуација илјадници луѓе и проголтаа над 220 квадратни километри шуми и ниска вегетација. Пожарникарите во моментов се најмногу загрижени за огновите во покраините Леон и Авиља, откако ветерот и малку пониската температура им дадоа одмор во борбата против пламените јазици во покраината Замора.

„Чувствувам голема празнина. По природа сум оптимист, но кога ќе помислам на планините и шумите, тогаш мислам на тоа што ќе остане“, вели еден од евакуираните.

„Тука сме за сите потреби на евакуираните. Пред се, со нив многу работиме на психолошка поддршка, бидејќи тие го напуштаат својот дом не знаејќи што се случува“, вели работник на Црвениот крст.

Ништо подобра слика не е ниту во соседна Португалија. Министерството за здравство на земјата соопшти дека од топлотен удар од 7 до 18 јули починале 1.065 лица. Активни се 13 пожари, а на северот од земјава температурата во последните денови достигна рекордни 47 степени Целзиусови.

Во Велика Британија изгореа десетици згради и имоти на југот на земјата и во околина на Лондон. Претходно пожарникарите добивале околу 350 повици дневно, а последните денови имало и до 2.600.

Во Грција поради пожарот на островот Саламис се евакуирани неколку подрачја, а добра вест е што пожарникарите успеале да го стават под контрола огнот кој избувна на планината североисточно од Атина.

„Полицијата и надлежните ни рекоа да одиме, но на многумина им е навистина тешко да ги напуштат своите домови. Иако не треба, сепак ќе останеме“, вели жител.

Пожарникари денеска се борат со шумски пожари во јужниот италијански регион Калабрија, а метеоролозите предупредуваат дека температурите ширум земјата повторно ќе се зголемат во наредните денови.

Огнови горат во шумите низ таа најјужна италијанска континентална регија. Минатата недела таму температурите беа над 40 степени. Поради пожарот, повикано е засилување од Кампанија и Лацио, како и од сицилијанскиот град Месина.

Топлотен бран го погоди југот на Европа за време на шпицот на туристичката сезона, соборувајќи ги температурните рекорди.

Синоптичарите предвидуваат дека на југот на Италија, на островите Сицилија и Сардинија, утре ќе пристигнат екстремни горештини до 48 степени, после што температурата ќе се спушти на нормалното летно ниво.

Италија е една од европските земји најпогодени од климатските промени. Во мај беше погодена од разорни поплави.

И северните делови на Италија изминативе денови беа погодени од екстремни временски услови. Во вториот по големина италијански град Милано се појави торнадо, а североистокот го зафати град и силни ветришта.

„Нашата клима станува се повеќе тропска, менува сè и има директно влијание врз економијата“, изјави министерот за економија, Жилберто Пичето, за весникот „Ла Република“.

Повеќе од илјада пожарникари гаснат големи пожари на границата меѓу Италија и Словенија. Пожарот се прошири од италијанска страна кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух во кои беа вклучени три словенечки и два италијански хеликоптери. Најтешка е состојбата во општина Добердоб, која се наоѓа веднаш до словенечко-италијанската граница. На Словенија и помага и Хрватска која на помош и испрати свој канадер.

„Ситуацијата се менува од минута во минута. Пет села се евакуирани. Пожарникарите добиваат засилување. Словенечката војска е во акција со сета потребна опрема. Во гаснењето на пожарот еден полициски и два воени хеликоптери“, вели Марјан Шарец, министер за одбрана на Словенија.

Пожари има и во Босна и Херцеговина. Најтешко е на планината Чврсница на непристапен терен. Пожарот што избувна во Црна Гора, кај Херцег Нови, се прошири кон исток. Таму недостасуваат противпожарни авиони.

Сите се загрижени од прогнозата на метеоролозите дека топлотниот бран во Европа ќе продолжи и во наредните денови, а топлото и суво време поттикнува се повеќе пожари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно Грција Европа италија канадер огин пожар Португалија словенија хрватска црна гора Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.