Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат.
Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено.
Противпожарна служба и екипа на Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство вршат увид за утврдување на причините за пожарот.
„Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста“, стои во соопштението на министерството.
(Фото: „Нова Македонија“)