Во ресторан во јапонскиот град Итоигава, на брегот на Јапонско море, избувна пожар којшто поттикнат од ветрот, за отприлика еден час се прошири на најмалку 140 куќи и згради.
Во пожарот две лица се здобија со полесни повреди.
Едно лице имало проблеми поради вдишување на чад, а пак другото се повредило при пад.
Властите објавиле повик за евакуација на 300 домаќинства, во кои живееле околу 740 луѓе.
Десет часа по избувнувањето на пожарот огнот е ставен под контрола, соопшти јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.
Во гасењето на пожарот учествувале пожарникари од Итоигава и од околните градови.
Итоигава се наоѓа во префектурата Нигата, околу 260 километри северозападно од Токио.
Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот.











