Британскиот нафтен гигант „Шел“ денеска објави добивка од 6,2 милијарди долари за третиот квартал, што е приближно во склад со проценките, затоа што компанијата профитираше од повисоките цени на нафтата и маржите за рафинирање.
Аналитичарите очекуваа прилагодена заработка од 6,48 милијарди долари.
Компанијата, исто така, најави откуп на акции вреден 3,5 милијарди долари што ќе се изврши во текот на следните три месеци.
Големите енергетски компании годинава бележат рекордна заработка, која беше поттикната од скокот на цените на фосилните горива.
„БП“ во вторникот објави пад на добивката во третото тромесечје на годишно ниво од 8,15 милијарди долари на 3,293 милијарди долари, што е под проценките на аналитичарите.
Цените на нафтата драстично се зголемија во овие три месеци под влијание на повеќе фактори, вклучувајќи го и намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија.
Меѓународната агенција за енергетика неодамна соопшти дека пазарите на нафта ќе останат на „работ“ поради ескалацијата на судирот на Блискиот Исток.







