Главните фаворити според прогнозите на обложувалниците и експертите претходно го завршија натпреварувањето, па во полуфиналето на Светското првенство ќе се сретнат Франција и Белгија, односно Англија и Хрватска.
Позната е саатницата, како и местата на одигрувањето на споменатите дуели.
Прво во вторник, на 10 јули, на терен ќе излезат Французите и Белгијците од 20 часот, додека еден ден подоцна во истиот термин силите ќе ги одмерат Англичаните и Хрватите.
Првиот натпревар се игра во Санкт Петербург, а вториот во Москва.
Дуелот за трето место е на програмата на 14 јули во Санкт Петербург во 16 часот, додека победниците од полуфиналните средби ќе играат во престолнината на Русија на 15 јули во 17 часот.







