Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Покрај евроатлантските интеграции и економијата во фокусот на 2019-та
Во Фокусот

Покрај евроатлантските интеграции и економијата во фокусот на 2019-та

јануари 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заокружување на процесот на уставните измени, членство во НАТО и почетокот на пристапните преговори со ЕУ, и претседателските избори се настаните кои се очекува да ја обележат новата 2019-та за Република Македонија.

Веднаш по новогодишните и божикните празници на 9 јануари е закажана собраниската седница на која треба со двотретинско мнозинство да бидат усвоени уставните амандмани, со што завршуваат обврските од Преспанскиот договор за Македонија, а процесот ќе се префрли во Парламентот на Грција.

Премиерот Зоран Заев во повеќе наврати изрази уверување дека ќе добие целосна поддршка од пратениците за уставните амандамни и дека процесот ќе се заокружи околу средината на јануари 2019 година. Истакна дека има 76 гласови за уставните измени, но дека се надева дека може да има и повеќе 80.

Од грчката страна исто така стигнуваат силни уверувања дека Договорот ќе биде ратификуван во Парламнетот, за што е потребна поддршка од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници. Проценките во Атина се дека договорот во нивниот Парламент може да дојде кон крајот на февруари или почетокот на март. Истовремено со ратификацијата на Договорот од Преспа грчкиот Парламент ќе биде и првиот законодавен дом од членките на НАТО што ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата.

Претседателот на македонсото Собрание Талат Џафери најави дека заедно со Законот за ратификација на Договорот со Грција и Законот за употреба на јазиците  ќе ги испрати во „Службен Весник“ без потпис на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Смета дека никој не смее да ја попречува волјата на Собранието.

На почетокот од февруари месец, поточно на 2 или 3 февруари, се очекува Џафери да ги распише изборите за претседател на државата. Веќе се појавија и калкулации за можни кандидати за претседател. Од владеачката СДСМ соопштија дека се уште не ја започнале внатрепартсиката процедура за избор на кандидатот. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори, а на 16 јануари ќе се знае кои се кандидатите. Нивниот кандидат ќе го изберат на 16 февруари на партиската конвенција.

Годинава Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи минатиот викенд изјави дека и покрај тоа што постои песимизам дали сме ние подготвени, сепак, се повика на изјавата на еврокомесарот Хан дека Македонија може заедно со Србија и Црна Гора да го фати рокот и заедно со нив 2025-та како временска рамка за пристапување во Унијата.

Поради изборите за Европскиот парламент истакна дека е можно Извештајот на ЕК за државата да биде објавен подоцна од април, кога е вообичаениот термин, што вели, создава техничка дилема и во однос на датумот за преговори. Сепак, се очекува дека ќе има доволно време по објавувањето на Извештајот тој да биде верификуван во земјитече членки на Унијата пред самитот на ЕУ на кој ќе се носи одлуката за отпочнување на преговорите.

Паралелно, се одвива и скринингот и формирањето на преговарачките структури, а веќе се поминати и неколку поглавја во Брисел. Но, клучни за евроинтеграците се реформите преточени во Планот 18,со фокус на судството, безбедносните служби, јавната администрација и борба против организираниот криминал и корупцијата.

Досега, според вицепремиерот, реализиирани се 66 проценти од зацртаните мерки, а за законите кои се носат со двотретинско мнозинство Владата се консултирала и со пратеници од опозицијата. Рокот на завршување на Планот 18 е до донесување на новиот Извештај на ЕК.

Она што најмногу ги засега и бизнисот и граѓаните, но и Владата си го постави за приоритет во 2019-та се очекувањата за попросперитетни економски остварувања и подобар стандард.

Во новогодишната честитка премиерот Заев посака успешна економска и интеграциска година, Македонија да биде земја на инвестиции и модерна инфраструктура.

„Да бидеме горди на тоа. Затоа, иако предизвиците се големи, да се украсиме сите ние со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого. Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации, вели во честитката Заев.

Вицепремиерот Османи, пак, порача дека нема простор за предвремени парламентарни избори. Според него, по големите историски одлуки со Преспанскиот договор и заокружување на уставните измени, земјата заслужи еден целосен мандат токму со цел конечно економските теми да доминираат во земјата.

За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ова ќе биде година на одлуки, но и година на промени.

„Свитканата кичма не е нашиот ген, ние исправени ќе се соочиме со предизвиците и ќе победиме, вели Мицкоски.

актуелно договр Евроинтеграции економија закон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.