Демократскиот конгресмен од Вирџинија, Гери Коноли, изјави дека вчера во нивната канцеларија во Ферфакс влегол маж со метална палка и нападнал двајца вработени, погодувајќи го едниот во главата.

Тој додаде дека нападнатите се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот и информираше дека станува збор за 49-годишниот Ксуан Ка Тран Фам од Ферфакс.

„Во овој момент не е јасно кој е мотивот на осомничениот“, соопштија тие.
Си-Ен-Ен разговараше со таткото на напаѓачот, кој рече дека Фам боледува од шизофренија, дека не ги земал лековите веќе три месеци и дека претходно бил обвинет за напад, но обвинението подоцна било отфрлено.
Коноли истакна дека во време на нападот бил на церемонија на сечење лента и дека на полицијата и биле потребни околу пет минути за да одговори на повикот за помош.







