Полициски службеници синоќа упаднале во повеќе ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите. Меѓу клубовите е и култниот скопски клуб „Сектор“, објавија посетителите преку социјалните мрежи, револтирани од некоректниот однос на полицијата.
Дел од нив пишуваат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се изгаси музиката во „Сектор“, како и дека бил приведен сопственикот на дискотеката, бидејќи се спротивставил на барањето да се изгаси музиката.
Додека се чека официјалниот став од МВР за ноќешната рација се огласи Хелсиншкиот комитет за човекови права. Извршната директорка Уранија Пировска вели дека постојат правила и стандарди за примена на мерки за присилба.
Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе! Ќе се постави и прашањето на командна одговорност кој ја дал наредбата и зошто?
ТВ24







