Една полициска станица, два трговски центри и седум средни училишта во Скопје се дел од објектите што утринава на своите електронски адреси добиле закани за поставени бомби, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Заканувачки пораки стигнале на мејловите на трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, станбено-деловниот комплекс „Флатрон“, полициската станица Центар, како и Железничката станица во Скопје.
Дојави за поставени бомби утринава добиле и седум средни училишта.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и останатите објекти, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираа од МВР.
Пред два дена првпат освен до училишта дојава за поставена бомба стигна и до Народната банка.
(Фото: САКАМ ДА КАЖАМ“)







