Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници, смета Филипче
Градови

Полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници, смета Филипче

декември 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници и апелираше да се почитуваат мерките. Најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.

-Мислам дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници. Зошто? Заради тоа што веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе тоа е тоа за што ќе дискутираме, изјави денеска Филипче во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Прашан за лекувањето, министерот Филипче посочи дека имало претпоставка оти многу лекови помагаат за оваа болест.

-Многу лекови беше претпоставка дека помагаат за оваа болест. Прво, многу е битно да се знае дека нема еден специфичен лек којшто помага само за овој тип на коронавирус, односно за КОВИД -19 и се што значи лекување е практично комбинација на лекови коишто биле креирани за други болести, на пример за ебола тој лек итн., а коишто се даваат врз основа на клиничката слика, односно манифестацијата на болеста.

Осумдесет отсто од пациентите имаат лесна клиничка слика, меѓутоа тие што имаат комплицирана имаат навистина тип на клиничка слика или комбинација на презентација од страна на повеќе органски системи каде што досега не се видело. И во таа смисла јасно е како се одредуваат, кои се постапките како еден лек се утврдува дека е за една болест, клинички студии итн, изјави Филипче.

Министерот за здравство вели дека тешко е да се каже што можеме да очекуваме во периодот којшто е пред нас. Потсети на првичните предвидувања дека ќе трае колку една респираторна епидемија, па дека ќе го снема вирусот за време на летните месеци и додаде оти тоа не се оствари.

Филипче нагласи дека задача и цел на сите здравствени системи, како и на нашиот, е да бидат подготвени да пречекаат голем број на пациенти со Ковид-19 за да може да се хоспитализираат. – Тоа е целта, да бидеме спремни за тоа што не бевме спремни, сега го спремивме системот, се реорганизиравме целосно да обезбедиме болнички кревети, кадар со соодветна експертиза, да има доволно лекови и ние тоа го правиме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека слободни кревети има во секој момент. – Апсолутно за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација има слободно место. Но, точно е дека видовме одреден број на пациенти коишто доцна доаѓаат во болница. Имавме случаи во коишто имале јасни предупредувања и индикација од матичните лекари дека е потребна хоспитализација, едноставно не доаѓаат луѓето на прием во болница. Понатаму, луѓе коишто дури доцна доаѓаат и кај матичниот лекар.

Луѓе со сатурација на кислород од 20-30, а нормално треба да е над 96-97 на првиот ден, вели Филипче, додавајќи дека се уште има луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот.

актуелно нема ефект новогодишни полициски Празници филипче час
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.