Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
  • Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полцијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила во Штип
Хроника

Полцијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила во Штип

октомври 24, 2019Updated:октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полцијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила, од кои три се целосно изгорени, а две се делумно оштетени. Трите опожарени возила што утринава целосно изгореа во пожар на улицата „Борис Крајгер’ во штипската населба Сењак се уште стојат на паркинг просторот. Станарите меѓу кои и Стефан Димитров сведочат дека пожарот настанал по пет часот. Слушнал силна експлозија и веднаш излегол за да помогне.

-Беше навистина застрашувачки. Се гледаше дека горат три автомобил. За среќа пожарникарите брзо пристигнаа и не дозволија да се прошири пожарот. Еве гледате на еден од становите е и стопена ролетната. Соседот од тој стан со црево не дозволи да се запали, вели Димитров.

Во пожарот целосно се изгорени и две возила на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева.

Тушев не сакаше да даде изјава. Смета дека треба да заврши истрагата, но не го исклучува политичкиот мотив. Возилата на Тушеви според првичните докази на терен се намерно запалени, пронајдени се хебли, со кои се скршени задните стакла, а потоа преку нив е фрлена запалива течност.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека брзо интервенирале и спречиле огнените јазици да се прошират. Смета дека при вакви пожари на возила постои опасност за предизвикување поголеми штети.

-Во пет часот градот се буди можело да има и други минувачи, за среќа нема повредени лица, но секако дека е опасно, бидејќи во овие моторни возила има запливи течности, брзо гори ентериерот на возилото. Така што еден од потешките пожари е на запалено возило, вели Атанасов.

Според статистичките податоци на ТППЕ-Штип од почетокот на годината досега на територија на Општина Штип интервенирале на 19 случаи на опожарени возила, од кои повеќе се случајно запалено, но за некои има сомнение дека се дело на пиромани. Се очекува по увидот на крим техника од Скопје да се добијат подетални информации за овој случај.

актуелно запални возила штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.