Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Помпео: Убиството на Сулејмани е дел од новата стратегија на САД за одвраќање на непријателите
СВЕТ

Помпео: Убиството на Сулејмани е дел од новата стратегија на САД за одвраќање на непријателите

јануари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека Касем Сулејмани е убиен во рамките на пошироката стратегија за одвраќање на заканите што претставуваат непријателите на САД, а која се однесува и на Кина и на Русија, ублажувајќи ги на тој начин тврдењата дека највисокиот ирански генерал е убиен бидејќи планирал напади на цели во САД.

Помпео оддржа говор во Хуверовиот институт на Универзитетот Станфорд во кој изрично ги спомена нападите кои наводно ги планирал Сулејмани.

Во говорот насловен „ Повторно воспоставување на одвраќањето: Ирански пример“, Помпео се фокусира, на како што кажа, стратегијата на администрацијата да воспостави „реална политика на одвраќање“ кон Иран по претходните демократски и републикански политики кои влијаеле на „лошите активности на Иран“.

Демократите и републиканците ја критикува администрацијата за оправдување на самоодбраната која се темелеше на необјавени разузнавачки податоци за закани.

Претседателот Доналд Трамп рече дека меѓу потенцијалните цели на овие напади биле четири американски амбасади.

Министерот за одбрана Марк Еспер во неделата кажа дека не видел никакви разузнавачки податоци што би упатувале на можни напади врз амбасадите.

Трамп вчера повторно долеа масло на огнот изјавувајќи дека „всушност не е ни битно“ дали Сулејмани претставувал закана.

Помпео кажа дека зад убиството на Сулејмани, командантот на елитните ирански единици „Кудс“, се крие „поширока стратегија“.

„Претседателот Трамп и ние во неговата екипа за национална безбедност повторно ја воспоставуваме политиката на одвраќање- реално одвраќање на Иран, кажа Помпео.

„САД сега имаат голема предност во однос на Иран, најголемата што било кога сме ја имале“, рече тој потсетувајќи на штетата која на иранската економија и ја нанесоа санкциите кои Трамп повторно им ги воведе откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година.

„Важноста на одвраќањето не е ограничена само на Иран, нагласи Помпео. „Во секој случај мораме да го одвраќаме непријателот за да ја одбраниме слободата.

Тоа е сета смисла на инсистирањата на Трамп нашата војска да ја направи посилна од било кога порано“, рече тој.

актуелно помпео САД Сулејмани Убиство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.