Норвешка, Данска, Холандија и Ирска, времено престанаа да користат вакцина ‘Астра Зенека’ против коронавирусот, поради сомневање за предизвикување длабока на венозна тромбоза, белодробна емболија и тромбоза (згрутчување на крвта).
Програмата за имунизација со ‘Астра Зенека’ сепак продолжува во другите земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција.
Велика Британија ги охрабрува луѓето да продолжат да се вакцинираат.
Досега, според информации од британско-шведската компанија, регистрирани се 15 случаи на длабока венска тромбоза и 22 случаи на белодробна емболија меѓу повеќе од 17 милиони вакцинирани во ЕУ и Велика Британија, пишува Гардијан.
Повремено, може да се формира тромбоза (тромб) во артериите, често во нозете, како резултат на намален проток на крв. Кога се формираат овие тромбови, без разлика дали се во потколениците, рацете или на друго место, оваа состојба е позната како длабока венска тромбоза.
Најчеста компликација поради длабока венска тромбоза е белодробна емболија, кога тромб или дел од тромб се распаѓа и стигнува до белите дробови. Ова е сериозна и потенцијално опасна по живот состојба, бидејќи влијае на нивото на кислород во белите дробови и може да предизвика оштетување на белите дробови. Симптомите може да вклучуваат болка во градите, отежнато дишење, кашлица и вртоглавица.
Најдобар начин за спречување на згрутчување е одржување на здрава фигура, одржување на физичка активност, добра хидратација, избегнување пушење и продолжена стагнација.
Во соопштението на компанијата се вели дека инциденцата на длабока венска тромбоза и белодробна емболија кај милиони вакцинирани е „многу пониска отколку што се очекуваше да се појави природно кај општата популација со оваа големина и е слична на другите лиценцирани вакцини против Ковид-19. Компанијата објасни дека природата на пандемијата доведе до зголемено внимание кон одделни случаи и тие ги
надминаа стандардните практики за следење на безбедноста за овластени лекови за да се обезбеди јавна безбедност.
Во однос на квалитетот, од ‘Астра Зенека’ велат дека нема потврдени проблеми со испорачаните серии во Европа и остатокот од светот.
Покрај тоа, компанијата спроведува тестови, а одделни европски здравствени власти вршат инспекции.
Според експертите, земјите кои престанаа да користат вакцина ја донеле одлуката како „мерка на претпазливост“. Но, нагласуваат, дека згрутчувањето на крвта е исклучително честа појава кај луѓето. На пример, Центрите за превенција и контрола на болести во САД бележат 60-100,000 смртни случаи годишно од белодробна емболија. Најчесто се јавуваат кај постари лица и лица со хронични заболувања.
Експертите потсетуваат дека повеќе од 2,5 милиони луѓе умираат од коронавирус и 8.000 до 10.000 луѓе умираат секој ден ширум светот.
Повеќе од 320 милиони луѓе ширум светот веќе се вакцинирани.
Клиничките испитувања на вакцините пред одобрувањето не утврдија зголемени ризици по апицирањето.







