Сите активности од посетата на папата Франциск на земјава денеска во живо, како и со текст и фотографии, ги пренесува Ватикан њуз, официјалната медиумска мрежа на Светиот Престол.
Информациите се објавуваат и на македонски јазик, а преносот оди и на јутјуб-каналот на Ватикан њуз.
Посетата на папата предизвика голем интерес и кај многу странски медиуми.
Над 300 новинарски екипи се акредитирани да ја следат посетата на папата Франциск и за нив е обезбеден медумски центар со ТВ-студио, како и простор за известување на сите активности на папата.







