Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за грабнување и убиство на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, е уапсен.
Палевски е уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското Министерство за внатрешни работи.
Повеќе детали за приведувањето на Палевски се очекува да изнесе министерот Оливер Спасовски на прес конференција закажана за вечерва во 22.30 часот.
За Палевски е отворена истрага за две кривични дела грабнување и убиство.
Освен Палевски уапсени се уште четири лица заради вмешаност во ликвидацијата на Вања и Панче.
(Фото: Во Центар)







