Товарен брод потоа денеска недалеку од брегот на Оман, а сите 20 морнари и членови на екипажот се спасени, соопшто министерството за сообраќај на таа земја.
Бродот што пловел под знамето на Танзанија пренесувал песок и железо од Емирати во Еритреја, а потона блзиу брегот кај градот Лакаби, одалечен 770 километри од оманската престолнина Мускат.
Како што се наведува во соопштението, на морнарите на помош им пристигнал рибарски брод.







