Во одделни делови на Грција обилните дождови донесоа поплави, а мноштво вода течеше по улиците и на плажите.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од грчкиот остров Евија, ги објавија тамошни туристи, каде под вода беше поголемиот дел од плажата во местото каде престојувале.
Интензивни врнежи од дожд и поплави забележани се и во местата Каналија и Тесалија, а се појави и снимка од полуостровот Пилион, каде по улиците каллива вода што се слеваше од повисоките места носеше се пред себе, во морето.
Бура, дожд и поплави, кои ги погодија бројни летувалишта во Грција, не ја одминаа ниту Света Гора.









