Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Потпишана спогодба за повисоки плати во здравството
Македонија

Потпишана спогодба за повисоки плати во здравството

септември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност потпишаа денеска во Владата министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На потпишувањето на Спогодбата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев кој истакна дека од следниот месец средномедицинскиот кадар ќе добива дополнително по 1.500 денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники ќе добиваат плус 3.756 денари, лекарите специјалисти во општите болници по 4.060 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести платата ќе им биде повисока за 4.548 денари.

„Кога на оваа сума ќе се додаде зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд сигурен сум дека тоа во значителна мера ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем. Со ова Владата и Министерството го исполнуваат даденото ветување за подобрување на стандардот на здравствените работници, но во исто време го зголемуваат мотивот за работа на лекарите, посочи Заев.

Потенцира дека мора да се обезбедат услови лекарите да бидат задоволни бидејќи само така ќе го дадат најдоброто од себе и целосно ќе се посветат на грижата на своите пациенти.

„За нас од Владата сега е само почеток и се надеваме дека со перформансите на Буџетот голема реалокација на средства ќе дојдат за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, лекарите и сите кои работат во здравството, секако и за севкупно подобрување на условите во здравствениот систем, рече Заев.

Тој им порача на лекарите, но пред се на граѓаните дека продолжуваат неуморно да работат за да создадат уште пофункционално и поефикасно здравство.

„Ќе создаваме здравствен систем по највисоки стандарди и ќе се доближиме до стандардите на развиените европски земји. Тоа е целта на оваа Влада. На овој пат не сме сами, Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од сите земји партнери, секако најмногу од Европската унија. Грантовите и финансиската поддршка кои и сега ги добива Македонија од фондовите на Унијата за развој ќе се зголемат неколкукратно по зачленување на земјата во ЕУ, вклучително грантовите и фондовите наменети во здравството, рече Заев.

Додаде дека сето тоа ќе значи нови поголеми болници, повеќе средства во буџетите на болниците, повеќе пари за современи лекови, подобри здравствени услуги, а со тоа и многу позадоволни пациенти.

Министерот Филипче рече дека со потпишувањето на денешната Спогодба се отвора формалниот пат за зголемување на платите на сите вработени во здравството за пет проценти, односно зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.

Посочи дека зголемувањето ќе почне да се применува со исплатата на септемвриската плата и дека тоа ќе значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на Владата.

Каранфиловски рече дека потпишувањето на Спогодбата претставува потврда за добар и успешен социјален дијалог меѓу социјалните партнери, а за нив како Синдикат уште поголема придобивка по основ на платите на вработените.

„Најголемата придобивка е исполнувањето на ветувањето на Владата за ова зголемување на платите, а најбитното за нас како Синдикат е што ова покачување се однесува за сите вработени во здравството, рече Каранфиловски и потенцира дека ја поздравуваат ваквата активност на Владата.

Истакна дека на преговарачката маса со Министерството за здравство се ставени веќе и корекциите на коефициентите на сестрите со средно образование и корекциите на коефициентите на лекарите специјалисти.

„Сметам дека со овој пристап со одредена динамика на реализирање ќе направиме едно комплетно задоволство во здравството и сите одредени пропусти и она што не се случуваше досега ќе биде предмет на наши договори, рече Каранфиловски и ја поздрави, како што рече, оваа втора фаза за комплетно зголемување на платите за сите вработени во здравството.

Потсети дека во првата фаза имало зголемување по основ на процентите на дежурствата на лекарите специјалисти, за ноќен труд, како и корекција на коефициенти на специјалисти од санитарна.

актуелно здравство плати фармација филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.