Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Потпишан договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за припадниците на АРМ
Македонија

Потпишан договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за припадниците на АРМ

декември 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за одбрана склучи договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за потребите на припадниците на Армијата на Република Македонија, што е прва набавка на по два комплета униформи за секој припадник на АРМ досега.

Сумата на договорот потпишан со штипската компанија „Дона-М“, преку јавна и транспарентна постапка за јавна набавка на која и претходеше и технички дијалог со заинтересираните компании, е во висина од 54,5 милиони денари со пресметан ДДВ, а вкупната количина комплети на воено – теренската униформа треба да биде испорачана до крајот на март следната година.

Последен пат 5.000 униформи за припадниците на Армијата биле набавени во 2013 година и уште 1.100 униформи во 2017 година. Договорот склучен овој месец за 14.000 комплети воено теренска униформа, за прв пат ќе ги обезбеди припадниците на АРМ со по два комплети униформи.

Министерката Шекеринска во повеќе наврати ја информираше македонската јавност дека за Министерството приоритет се набавките кои директно влијаат на условите на припадниците на АРМ за работа и живот. На почетокот на октомври, министерката информираше дека е потпишан и договор за набавка на околу 7.200 пара чизми за припадниците на АРМ од кои 4.350 се веќе испорачани, а остатокот се очекува да биде испорачан идната недела. Откако ќе биде извршена контрола на квалитетот и евентуални лабораториски испитувања во акредитирана лабораторија, чизмите ќе бидат дистрибуирани до војниците.

Последен пат војнички чизми за припадниците на Армијата биле набавени во 2012 и 2013 година, но и тогаш во недоволен број за сите припадници на АРМ.

актуелно арм влада набавка униформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.