Со 380 милиони евра загадувањето со ПМ честички во Скопје до 2025 години може да се намали за половина. Тоа го покажало истражувањето што МАНУ го реализарала со подршка на УНДП. И овде домаќинствата со 90 %, се главниот виновник за високите концетрации на ПМ честички во воздухот. Предлагаат сет мерки таа загаденост да се намали.
„Следната мерка е ефикасни домови, односно изолација на домовите. Втората е обнова на уредите кои се користат за греење и третата мерка приклучување кон топлификацискиот систем.“ – вели Александар Дединец, МАНУ.
Парите за реализација на мерките треба да дојдат од граѓаните, но со подршка треба да се вклучат и државата и општините. Од Министерството за животна средина апелираат граѓаните да се приклучат на парно или да користат ефикасни системи на греење, а тие со низа мерки паралелно ќе се борат против аерозагадувањето.
„Гасификацијата како еден од методите за да стигнеме до решение, енергетската ефикасност, промовирање на велосипедскиот сообраќај“ – вели Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.
Штипскиот универзитет почна со проект за тоа како загадениот воздух надвор влијае врз здравјето во различни затворени простори, каде граѓаните поминуваат најмногу време од денот.
„Ако дома користите соодветни сретства заподобрување на воздухот и може да се обезбедат пониски нивоа на изложеност, а со тоа и подобри ефекти на здравјето.“ – вели Дејан Мираковски, раководител на лабораторија Амбикон при УГД.
Неодамна Скопје го доби статусот најзагаден град во светот. Воздух најбогат со ПМ честички дишат жителите на Гази Баба. Македонија последиците од загадувањето годишно ја чинат околу 325 милиони евра.







